|
Здружението на пензионерите на Општина Дојран е основано со Одлука на Собранието на Здружението на ден 05.02.1999 година. (Со раздружување од Општинското здружение на пензионерите на Општина Гевгелија).
Здружението е потврдено со Судска одлука од 06.04.1999 година.
Прв претседател на Здружението на пензионерите на Општина Дојран е Терзиев, а Седиштето на Општинското здружение е во просториите на Општина Стар Дојран, што значи дека здружението нема свои простории. Од 22 февруари 2011 година за претседател на Собранието и на Извршниот Одбор е избран Боривој Бојаџиев, кој е и делегат во Собранието на СЗПМ.
Претседатели на Извршниот Одбор на Здружение на пензионерите на Општина Дојран досега биле: Топчев Петар, Илиев Петар и Попкочева Елиница. Здружението денес брои 540 членови. Здружението е мало по број, но учествува во сите активности за кои има сили и средства.
Досегашни претседатели на Собрание:
Терзиев Војо, Бојаџиев Боривој,
Досегашни претседатели на Извршен Одбор:
Топчев Петар, Илиев Петар, Попкочева Елиница
|
|