|
ПРОГРАМСКИ ОПРЕДЕЛБИ
ЗА РАБОТА НА ЗП ДОЈРАН ЗА ПЕРИОД 2020 - 2023 год.
Главни програмски определби на ЗП Дојран во периодот 2020-2023 година ќе се одвиваат во насока на заштита на правата од ПИО, остварување поквалитетна здравствена заштита на пензионерите, координирано унапредување на културните и спортските активности, хуманитарните активности, како и учество на пензионерски дружењa од најразлична природа. Здружението ќе се грижи за поквалитетен живот на пензионерите во соработка со СЗПМ, локалната самоуправа и други институции поврзани со возрасната популација, согласно Статутот на Здружението преку:
- Организирање и следење на пензионерските спортски активности во општината, регионот и државата, согласно правилникот за спорт на СЗПМ;
- Организирање на културно забавниот живот преку настапи на регионални и републички манифестации, согласно правилникот на СЗПМ за Ревиите на песни, музика и игри, како и преку организирање и учество и на други фолклорни, уметнички манифестации;
- Организирање одмори, екскурзии, бањско и климатско лекување и друго;
- Помагање на материјално загрозените пензионери преку парична и друга помош;
- Отворање на пензионерски клубови за дневен престој, дружење и разонода на пензионерите;
- Соработка со локалната самоуправа за помош и заштита на стари, болни и изнемоштени лица;
- Одбележување на државните и религиозните празници, прослава на Денот на пензионерите 20-ти септември и друго;
- Активности за соработка со други здруженија;
- Редовно информирање на пензионерите преку „Пензионер плус“, како и преку локални и национални печатени и електронски медиуми и Веб страница на СЗПМ итн.
- Едукација на членството преку предавања за здравствена заштита, исхрана и друго поврзано со луѓето од трета доба и друго.
По потреба Програмата ќе се дополнува според потребите на ЗП Дојран.
|
Претседател на ЗП Дојран
Бошнаков Динчо |
|
|