|
Врз основа на член 13, став и точка 5, од Статутот на Здружението на пензионерите Кичево, на седницата на Собранието одржана на ден 14.03.2023 година, усвои програма за работа на Здружението за тековната 2023 година:
П Р О Г Р А М А
За работа на органите и телата и комисиите при Здружението на пензионерите – Кичево за тековната 2023 година
Годишната програма за работа на ЗП Кичево се носи секоја година, а е заснована врз целите и задачите на Здружението според член 6 од Статутот. Програмата за 2023 година ги опфаќа и активностите кои се започнати во претходната 2022 година и порано.
1. Здружението на пензионерите –Кичево ќе се залага за заштита на правата на пензионерите, корисници на пензија и тоа:
- редовна исплата на пензиите и на сите корисници на пензии, како и нивно усогласување според Законот и животните трошоци,
- ќе се залага за подобрување на животниот стандард на пензионерите и нивната социјална и здравствена заштита,
- ЗП Кичево ќе соработува со фондот за пензиско и инвалидско осигурување и фондот за здравствена заштита, и активно ќе соработува со Општинската организација на црвениот крст во Кичево и Републиката,
- ЗП Кичево ќе се залага за ослободување на пензионерите од плаќање на партиципација кај матичните лекари и при болничкото лекување,
- ЗП Кичево ќе се залага за проширување на позитивната листа на лекови,
- ЗП Кичево ќе се залага за сместување на пензионерите во домот на пензионери Кичево, со пензионери со пониски примања и без решено станбено прашање,
- ЗП Кичево ќе соработува со Локалната самоуправа која со закон е задолжена да го ,помага Здружението на пензионерите, според меморандумот од ЗЕЛС.
Соработката со локалната самоуправа е неминовна бидејќи нашето здружение делува на територијален принцип со 11 ограноци на целата општина.
-Ќе соработува со Домот на културата “Кочо Рацин“, со АРМ Кичево, со детската градинка “Олга Мицеска“ и со други установи.
2. Во тековната 2023 година ЗП Кичево ќе соработува со Сојузот на пензионерите на Македонија во сите полиња, а посебно Здружението ќе Соработува со здруженијата од Западниот регион, заеднички настапи на регионалните средби, консултации, меѓусебно помагање и дружење.
3.Во поглед на културното живеење на пензионерите, ЗП- Кичево во текот на 2023 година својата активност ќе ја насочи кој спроведување на регионалните и републичките средби посветени на песната, играта и орото кои редовно се одржуваат секоја година. Сите активности се во ингеренција на комисијата за култура која се труди пензионерите да ги вклучи помасовно во сите активности.
Паралелно со активностите од областа на културата, пензионерите при ЗП Кичево преку комисијата за спорт и рекреација се насочени во сите спортски дисциплини предвидени за пензионерите. Навистина кај пензионерите живее паролата “здрав дух, здраво тело“
Здружението постепено за сите спортски дисциплини се опремува со сопствени реквизити, а за одбележување е тоа што во текот нам 2022 година во пензионерскиот дом подготви терен како сопствено стрелиште каде стрелците можат секогаш да спортуваат.
Основна преокупација на ЗП –Кичево секогаш биле екскурзиите како во Републиката така и надвор од неа. Затоа во програмата на 2023 година се зацртани повеќе пензионерски екскурзии и тоа:
- Кичево-Врање во соседна Република Србија со посета на манастирскиот комплекс “Свети Прохор Пчински“
- Патување во соседна Албанија и посета на градот Елбасан,
- Кичево –Отешево –Ресен,
- Кичево- Свети Наум и Охрид,
- Кичево Струмица со посета на водопадите и црквата 15 тивериополски маченици и други дестинации.
Здружението во својата програма за 2023 година има зацртано и нови инвестициони вложувања и тоа;
- Реновирање на 6 купатила со сопствена канализациона мрежа како би станарите во домот имаат сопствени тоалети во секоја соба.
- Во програмата со одлука на Извршниот одбор во 2023 година е планирано издавање на фото монографија посветена на пензионерските активности за време на мандатот, 2019 -2023 година.
Програмата за 2023 година предвидува поголеми активности за работа на пензионерскиот клуб како пензионерски катче за разонода, читање на штампа и спортување,
Во програмата на ЗП Кичево за 2023 година активот на жени е зацртан со бројни активности за заштита на пензионерите, на стари и изнемоштени лица, учество во одбележување на историски места и настани, масовно вклучување на пензионерките ви културните и спортските активности, Активно и заедничко дружење на пензионерките со други здруженија, прослава на меѓународниот ден на жената 8 март и 11 септември денот на ослободувањето на градот Кичево, дочек на Нова година и Стара нова година, ќе помага на пензионерите со пониски примања, ќе одржува здравствени дебати и предавања и други
активности кои ќе ги координира со координативното тело при Сојузот на пензионерите на Македонија.
ЗП Кичево како основни клетки во своето програмско дејствување ги има месните ограноци на пензионерите од каде ги црпи и своите активности за пензионерите.
Оваа програма за тековната 2023 година постојано е отворена за секој нов предлог во интерес на подобриот живот на пензионерите.
|
Здружение на пензионери Кичево
Претседател на Собраниие,
Мехмед Мехмеди,
Претседател на Извршен одбор,
Душан Ристоски |
|
|