|
Здружението на пензионери „Куманово"- Куманово, своите почетоци ги има од април 1946 година, и со право може да се каже дека оваа здружение е едно од најстарите. Со статусот пензионер први се стекнале дваесетина работници од областа на занаетчиството, трговијата, мелничкото и пекарското производство во Куманово.
Подоцна, со развојот на стопанството, доаѓа до зголемување на бројот на работниците, со што се омасовува и пензионерското Здружение. Прв пронајден официјален документ е од мај 1957 година, кога е одржано отчетно Собрание, на кое е избрано раководство и претседател на здружението Стојко Милковски.
Во тој период, во Здружението членувале старосни, инвалидски и семејни пензионери. Здружението имало регионален карактер бидејќи во него членувале пензионери и од Кратово и Крива Паланка. Со порастот на бројот на пензионери, активностите се одвиваат поорганизирано.
Здружението на пензионери Куманово, посебна ренесанса доживува во последните десетина години, што го опфаќа периодот меѓу 1998 и 2014 година. Така, денес, Здружението брои 14.000 пензионери, организирани во 24 ограноци на териториите на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Највисокиот орган - Собранието, го сочинуваат 35 член. Од неговите редови се избираат Извршен одбор, Надзорен одбор и Одбор за статут и правни работи. Извршниот одбор, како извршно оперативно тело, има избрано комисии и тоа: за здравство и социјални работи, за културно-уметнички самодејности, за спорт, одмор и рекреација, за информирање и издавачка дејност, за помош на болни пензионери, како и Актив на пензионерки.
Сите постојни органи и помошни и стручни тела работат според утврдени годишни програми. Во својата агенда практикуваат транспарентно да го информираат своето членство за остварувањето на програмските задачи, но и да го консултираат за нивните интереси и барања што треба да се вградат во програмите.
Според бројните активности со право може да се кажа дека здружението на пензионери Куманово е едно од најактивните во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Здружение на пензионери „Куманово" Куманово
Ул. Илинденска бр.40/ 2, Куманово
телефон: 031 / 425- 059 мобилен: 078 -425-123
e-mail: zpk.kumanovo@yahoo.com
|
|