П Р О Г Р А М А
За работа на органите и телата на ЗП Лабуништа за 2017 година
1. Програмата има за цел да ги презентира програмските определби и насоките на ЗП Лабуништа. Таа во суштина ја објаснува и детерминира визијата на здружението, неговите цели, задачи и активности, методите со кои тие цели ќе се реализираат, како и улогата на раководството, стручната служба и членовите на комисиите на здружението и нивниот однос кон создавање на подобри животни, социјални и здравствени услови за пензионерите членови на здружението.
2. Собранието на здружението како највисок орган и неговите органи и тела ќе ја мотивираат и организираат стручната служба да врши услуги на сите пензионери членови на здружението кои имаат потреба од:
- Давање потврди за бањско лекување,
- Организирање на спортски натпревари на Месните ограноци на ЗП Лабуништа,
- Давање потврди за регистрација на пензионери за сопствени возила,
- Давање потврди за користење на средства за погребни трошоци од Солидарниот фонд,
- Давање потврди за купување на огревно дрво и др.
3. Здружението ќе се организира 5 дневна екскурзија на море во соседните држави
4. Зружението ќе се грижи и ќе врши контрола за наменско трошење на средствата од членарината од која се финансира здружението,
5. Делегатите од ЗП Лабуништа активно ќе учествуваат на состаноците на СЗПМ,
6. Пензионерите од ЗП Лабуништа ќе учествуваат на регионалните и републичките спортски натпревари и регионалните и републичките културни манифестации, ревии на песни, музика и игри, како и на други регионални средби, со здруженијата од осмиот регион или на спортските натпревари од четвртиот регион во кој припаѓа здружението,
7. Раководството на здружението посебно ќе води грижа и ќе врши посета на болни и изнемоштени лица, во трите Месни ограноци: Подгорци, Бороец и Лабуништа,
8.Ќе се иницира активности од интерес на пензионерите, кои ќе произлегуваат согласно законските одредби кои ги носат државните органи, Собранието, Владата и министерствата,
9. Програмата за работа на ЗП Лабуништа за 2017 година, секако не е конечна, бидејќи тековно ќе се надополнува и збогатува со нови активности, предлози, мислења и ставови што ќе ги предлагаат органите и телата на здружението, односно секогаш ќе биде отворена за нови идеи и потреби во интерес на членовите на ЗП Лабуништа и три Месни ограноци.
Декември 2016 год. |
Здружение на пензионери Лабуништа
Претседател Лутви Ќазимоски |
|