Инфо  

Галерии

Одбележан 20 септември, денот на Пензионерите на Македонија

20.9.2019

Годинава за прв пат, по повод 20 септември-Денот на пензионерите на Македонија, беа доделени Благодарници за хуманитарни  активности поврзани со подобрување на стандардот на пензионерите. Пред доделувањето претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова зборуваше за значењето на Сојузот со акцент на хуманитарните активности. Благодарници добија здружението на пензионери од Прилеп и здружението на пензионери од Крива Паланка за голем број хуманитарни активности, Доброволното пензионерско демирхисарско здружение од Сиднеј, Австралија за донација за отворање на клуб во ЗП Демир Хисар,  берберот Реџеп Демишоски од село Подгорци, ЗП Лабуниште кој ги потшишува болните и изнемоштени пензионери во нивните домови, како и матурантите од Подгорци бесплатно и Општествено корисната компанија ЗЕГИН која долги години ги помага на разни начини пензионерските активности и пензионерите.
Добитниците беа на предлог на Редакцискиот одбор на пензионерскиот весник „Пензионер плус“, прилогот во весникот Нова Македонија „Пензионерски видици“ и страницата за пензионери на албански јазик „КОХА“, а одлуката ја донесе Извршниот одбор на СЗПМ на 18.9.2019 година. Меѓу добитниците можеа да бидат и уште многу други здруженија, поединци и компании, но ќе има уште прослави и поводи. 

Прослави и одбележувања имаше речиси во  ситe здруженијата членки на СЗПМ.
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3