Изјава на Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ за усогласување на пензиите
2.11.2019Една од основните цели на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија е редовна исплата на пензиите и нивно тековно усогласување.
Заради одржување на реална вредност на пензиите, Сојузот смета дека во формулата за пресметување на процентот за усогласување на пензиите , покрај порастот на индексот на трошоците на животот, треба да се земе предвид и дел од порастот на платите.
Ваквото системско решение ќе овозможи избалансираност на овие два параметри и на тој начин секогаш ќе има соодветно усогласување на пензиите.
Доколку се зема само еден параметар и тоа само порастот на трошоците на животот, а платите растат повеќе, тогаш ќе бидат фаворизирани вработените, а пензиите ќе заостануваат. Со цел тоа не се случува, се предлага комбиниран начин на усогласување на пензиите како системско решение со дел од порастот на платите и дел од трошоците на животот.
Што се однесува до вонредното усогласување на пензиите би требало да се пристапи внимателно, со цел да не се нарушат соодносите на пензиските примања