Соопштение за Корона вирусот од СЗПМ
16.3.2020
Со цел да бидеме сите на висина на задачата во овие сериозни моменти и колку е можно побезболно да ја надминеме оваа загрижувачка состојба со Корона вирусот Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија препорачува стриктно и одговорно да се почитуваат препораките кои ги донесе Извршниот одбор на СЗПМ на својата седница на 28.2.2020 година, како и мерките кои во континуитет ги објавуваат надлежните органи.
Во здруженијата во кои активисти се само пензионери, а е донесена одлука да не одат во здруженијата, потребно е да објават телефон за контакт со своите членови-пензионери.
Сојузот ја поздравува постапката за времено затворање на пензионерските клубови.
Како и секогаш досега се надевам дека и овој пат сите ќе ја покажат својата мудрост и одговорност и ќе бидат пример на помладата популација.
Претседателка на СЗПМ
Станка Трајкова