Инфо  

Галерии

Како да си ја подигнете пензијата и како да плаќате во продавница

14.4.2020

Почитувани пензионери

За решавање на сите ваши проблеми за кои дознаваме од постојаните телефонски разговори со вас, како и преку електронска и друга пошта, а со цел да го заштитиме вашето здравје во овие исклучително тешки моменти за сите нас, предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид 19, Сојузот бара разни начини и форми. Во моментов како најважно прашање се наметна проблемот како да си ја подигнете пензијата и како да плаќате во продавница и на други места.
Факт е дека пензионерската популација нема доволнo ИТ наобразба, односно тешко се справува со работа по електронски пат. Со овој напис сакаме да ви помогнеме да го намалите вашиот стрес, и да ви го олесниме животот, без чекање во редови пред банките и пред други локации.
За таа цел ви го препорачуваме следното:
Во банката во која имате трансакциска сметка извадите електронска картичка со која можете да плаќате во продавница и да подигате готовина.
За работа со картичките ви ги даваме и следните совети:
1.
Вашата картичка е најбезбеден начин да располагате со вашите пари. Сепак, бидејќи сите ние секогаш приоритет и даваме токму на безбедноста, издвоивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при секојдневното користење на картичките:
 Кога ќе ја добиете картичката

  • Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
  • Запомнете го PIN кодот - не го запишувајте или запишете го на некое невообичаено место.
  • Не го откривајте PIN кодот никому.

 Дома

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички чиј број го има на веб страницата на секоја банка. (пр. за Комерцијална банка АД Скопје  е 02 3 247 474).
  • На тој број треба да се јавите и ако ја изгубите или ви биде украдена.

 На банкомат

  • Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до вас додека сте пред банкоматот.
  • Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
  • Покријте ја вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
  • На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка.

 На продажни места

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот ви ја вратил картичката и вашата копија од потврдата за трансакцијата.
  • Чувајте ја картичката близу до вас и внимавајте на џепчии.
  • Покријте ја вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

За да ги дознаете видовите на картичките на сите банки пребарувајте на веб страната на банката во која имате трансакциска картичка.
2.
Во колку не сте во можност да излезете од дома можете да ја дадете картичката на ваш близок во кој имате апсолутна доверба и тој се ќе ви заврши  без никаков проблем.
3.
Може да ја добивајте пензијата и по пошта или преку Еуростандард банка и пензијата ќе ви ја донесе поштарот на домашна адреса.  Изборот е ваш.

Во наредниот период ќе добиете и други совети за овој проблем, но и за други кои во меѓувреме ќе ги добиеме од вас.

Овие совети би било добро здруженијата да ги истакнат на видни места.

Се надевам дека оваа препорака може да има позитивно влијание и да помогне во заштита на вашето здравје сега и во иднина.

Станка Трајкова,
претседател на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3