Олеснување на мерките за возрасните луѓе, постари од 67 години
13.5.2020Во врска со олеснување на мерките за заштита од пандемијата со Ковид 19, Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија предлага за возрасното население над 67 години да важат истите мерки за заштита како и за останатото население.
Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција.
Овој предлог е заснован врз барања на голем број на пензионери која бројка во нашата држава изнесува над 320.000 корисници на пензија.
Однапред се заблагодаруваме на разбирањето!
Претседател на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова