Соопштение од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија до пензионерите за доследно почитување на мерките за носење на маски и одржување на физичка дистанца
31.5.2020До Претседателот на Владата на РС Македонија
Г-н Оливер Спасовски
До МИА
ПРЕДМЕТ: Соопштение од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија до пензионерите за доследно почитување на мерките за носење на маски и одржување на физичка дистанца
Почитувани,
Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија ги поздравува мерките на Владата на РС Македонија за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија.
Меѓутоа, се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење на маски и одржување на социјална односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно.
Исто така, се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти (банки,
пошти, маркети и др.) предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво.
Пензионерите и понатаму, со право, очекуваат дека ќе бидат опфатени со мерките на Владата предвидени во третиот пакет.
Претседател на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова