Извадоци од Информација за клубовите и ограноците на пензионери во здруженијата на пензионери - членки на СЗПМ
15.7.2020Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија како една од најголемите невладини граѓански организации, се грижи за подобрување на условите за живеење на корисниците на пензија со цел создавање услови за подостоинствен живот и нивна социјална интеграција. За таа цел Сојузот ги поттикнува здруженијата на пензионери да создаваат услови за дружење на пензионерите преку отворање клубови за дневен престој на пензионери, каде што пензионерите ќе можат да го поминуваат своето слободно време, како и спроведување одредени активности и забава (играње шах, карти, пиење чај, кафе и безалкохолни пијалаци). Во таа насока Сојузот дава материјална поддршка на помалите здруженија кои отвораат или опремуваат клубови за пензионери.
Со цел целосно да се согледа состојбата со расположливите клубови на пензионери и нивното функционирање, Сојузот достави анкетен лист до сите општински здруженија со одредени прашања. На анкетниот лист одговорија 42 од вкупно 53 здруженија. Врз основа на добиените податоци од анкетниот лист произлегуваат следните состојби:
Од 42 здруженија само две немаат отворено клуб за пензионери и тоа: Здружението на воени пензионери и ЗП Демир Капија. 20 здруженија располагаат со еден клуб иако имаат повеќе ограноци, а 20 располагаат со повеќе клубови на пензионери и повеќе ограноци.
1.Здруженија на пензионери кои располагаат со 1 клуб на пензионери
Според анкетата од здруженијата кои доставија податоци за клубови на пензионери, една половина од вкупниот број на здруженијата, членки на Сојузот, или 20 од нив располагаат со еден Клуб на пензионери од кои 13 здруженија се сопственици, а 7 не се сопственици на клубовите и тоа:
1.1 Здруженија сопственици на клубовите |
Р.бр |
Здружение |
Клубови |
Ограноци |
1 |
Кратово |
1 |
5 |
2 |
Битола |
1 |
31 |
3 |
Дем. Хисар |
1 |
17 |
4 |
Охрид и Дебрца |
1 |
21 |
5 |
Тетово |
1 |
22 |
6 |
Злетово |
1 |
6 |
7 |
Кичево |
1 |
11 |
8 |
Валандово |
1 |
6 |
9 |
Делчево |
1 |
14 |
10 |
Струга |
1 |
10 |
11 |
ОВР |
1 |
0 |
12 |
Дебар и Центар Жупа |
1 |
8 |
13 |
Лабуниште |
1 |
3 |
|
|
|
|
1.2.Здруженија кои не се сопственици на клубовите |
Р бр |
Здружение |
Клубови |
Ограноци |
1 |
Пехчево |
1 |
6 |
2 |
Кр. Паланка |
1 |
6 |
3 |
Гостивар |
1 |
23 |
4 |
Чаир |
1 |
3 |
5 |
Сарај |
1 |
3 |
6 |
Вевчани |
1 |
0 |
7 |
Мак.Каменица |
1 |
1 |
|
|
|
|
Според бројот на членовите во здруженијата произлегува дека со по еден клуб на пензионери располагаат и мали и големи здруженија, што значи бројноста на пензионерите не е услов со колку клубови располага здружението.
Здруженијата на пензионери кои имаат само по еден клуб скоро сите имаат ограноци, освен ЗП ОВР и ЗП Вевчани кои немаат ограноци. Бројот на ограноците е различен и се движи од 1 до 31, а поголем број ограноци имаат здруженијата со поголем број членови. По однос на прашањето кој ги плаќа комуналиите, скоро сите здруженија сами ги плаќат комуналиите, освен ЗП Дебар и Центар Жупа и ЗП Валандово, кои клубовите ги дале на закупец и тој ги плаќа комуналиите. За Клубот на пензионери од ЗП Вевчани, комуналиите ги плаќа локалната самоуправа, на ЗП Сарај ги плаќа училиштето, додека ЗП Гостивар, ЗП Крива Паланка, ЗП Чаир и ЗП Пехчево, иако не се сопственици на клубовите, сами ги плаќаат комуналиите.
2.Здруженија на пензионери кои располагаат со повеќе клубови
Од анкетираните здруженија на пензионери 20 здруженија или една половина од вкупните 53, располагаат со повеќе клубови и тоа: 6 здруженија се сопственици на клубовите, 8 здруженија не се сопственици, додека 7 здруженија располагаат со сопствени клубови и со клубови за кои не се сопственици.
2.1.Здруженија кои се сопственици на клубовите
Р бр |
Здруженија |
Клубови |
Ограноци |
1 |
Св. Николе |
2 |
5 |
2 |
Крушево |
3 |
4 |
3 |
Неготино |
3 |
12 |
4 |
Берово |
2 |
9 |
5 |
Дојран |
3 |
5 |
6 |
Гевгелија |
5 |
14 |
Наведените здруженија во табелата кои располагаат со сопствени клубови се со помал број членови и имаат од 2 до 3 клубови и од 4 до 12 ограноци, а комуналиите ги подмируваат и сами ги плаќаат комуналните услуги.
2.2. Здруженија кои не се сопственици на клубови
Р.бр |
Здруженија |
Клубови |
Ограноци |
1 |
Гази Баба |
10 |
11 |
2 |
Или нден |
5 |
5 |
3 |
Ѓ. Петров |
8 |
7 |
4 |
Богданци |
2 |
1 |
5 |
Куманово |
5 |
24 |
6 |
Дојран |
3 |
5 |
7 |
Тафталиџе |
2 |
6 |
8 |
Карпош |
3 |
7 |
Од табелата произлегува дека 8 здруженија не се сопственици на клубовите за дневен престој. Од наведените здруженија комуналните услуги ги плаќаат самите здруженија: Богданци, Куманово, Дојран, Тафталиџе и Карпош. За ЗП Гази Баба комуналиите делумно се плаќат од здружението, а делумно од општината. За ЗП Иленден и ЗП Ѓорче Петров комуналиите ги плаќа локалната самоуправа. Од нив 5 здруженија сами ги плаќаат комуналиите, едно здружение делумно ги плаќа, а за две здруженија локалната самоуправа ги покрива овие трошоци.
2.3.Здруженија кои делумно се сопственици
|
Здруженија |
Клубови |
Ограноци |
Сопствени |
1 |
Солидарност-Аеродром |
7 |
5 |
2 |
2 |
Штип |
8 |
13 |
|
3 |
Мак. Брод |
2 |
6 |
1 |
4 |
Виница |
6 |
8 |
1 |
5 |
Прилеп |
8 |
19 |
2 |
6 |
Кисела Вода |
13 |
12 |
6 |
7 |
Велес |
10 |
14 |
6 |
Според наведените податоци во табелата произлегуваат следните состојби:
-ЗП Солидарност-Аеродром располага со 2 сопствени клуба за пензионери, за 2 клуба плаќа кирија, а за три клубови не плаќа кирија. Здружението плаќа комуналии за 5 клубови.
-ЗП Штип нема наведено на колку клубови се сопственици, но за сите клубови комуналиите ги плаќа здружението.
-ЗП Мак. Брод има 1 сопствен клуб и еден од локалната самоуправа, а за двата клуба комуналиите ги плаќа здружението.
-ЗП Виница располага само со еден сопствен клуб, а 5 клубови се од локална самоуправа. За сите клубови комуналиите ги плаќа здружението.
-ЗП Прилеп располага со 2 сопствени клуба, а 6 се од локалната самоуправа. За сите клубови комуналните услуги ги плаќа здружението.
-ЗП Велес располага со 6 сопствени клубови, и 4 клубови за кои не се сопственици. Комуналните услуги ги плаќа здружението.
-ЗП Гевгелија располага со 5 клубови и 14 ограноци, а комуналиите ги плаќа ЗП.
-ЗП Кисела Вода има 13 клубови од кои 6 сопствени, а за другите плаќа кирија.
Од напред изложеното произлегува дека здруженијата кои располагаат со повеќе од еден клуб, 6 здруженија се сопственици на клубовите, 8 здруженија не се сопственици на клубовите, додека 7 здруженија имаат и сопствени клубови и клубови на кои не се сопственици, но сепак за некои клубови плаќаат и кирија. По 1 клуб имаат 20 здруженија со 196 ограноци, а 20 здруженија имаат 110 клубови со 383 ограноци, или вкупно 37 здруженија располагаат со 108 клубови и 354 ограноци.
3.Задолжен за работата во Клубот
По прашањето кој е задолжен за работата на клубот добиени се следните одговори:
-Здруженијата на пензионери кои имаат ангажирано угостител: Кратово, Битола, Дебар и Центар Жупа, Тетово, Струга, Крива Паланка, Неготино, Берово, Мак. Каменица, Гевгелија и Валандово;
-Здруженијата на пензионери кои имаат ангажирано пензионер со надоместок: Демир Хисар, Илинден, Ѓорче Петров, Свети Николе, Охрид и Дебрца, Македонски Брод, Куманово, Тафталиџе, Прилеп и Велес;
-Здруженијата на пензионери кои имаат ангажирано пензионер – волонтер: Злетово, Кичево, Лабуниште, Пехчево, Сарај, Вевчани, Делчево, ОВР, Солидарност - Аеродром, Дојран и Виница.
4. Финансиска помош
По однос на прашањето дали клубовите добиваат финансиска поддршка од локалната самоуправа или од спонзори сите здруженија одговорија дека немаат помош, освен ЗП Сарај има помош од спонзор, а ЗП Демир Хисар, ЗП ОВР, Дебар, Илинден, Струга, Дојран, Тафталиџе, Вевчани, Гевгелија одговорија дека имаат делумна помош.
5. Станови во сопственост на здруженија на пензионери
р бр |
Здруженија |
Станови |
Семејства |
1 |
Битола |
8 |
8 |
2 |
Д. Хисар |
|
|
3 |
Крушево |
3 |
3 |
4 |
Охрид |
4 |
4 |
5 |
Кичево |
10 |
10 |
6 |
Неготино |
16 |
16 |
7 |
Берово |
12 |
12 |
8 |
Валандово |
4 |
4 |
9 |
Штип |
7 |
8 |
10 |
Велес |
24 |
24 |
11 |
Гевгелија |
21 |
21 |
|
Вкупно |
110 |
110 |
Од табелата произлегува дека вкупно здруженијата на пензионери кои доставија податоци располагаат со 110 станови во кои се сместени пензионери. Одржувањето на становите се врши и тоа: Во ЗП Битола се сместени 8 семејства, а станарите сами ги одржуваат становите. Во ЗП Демир Хисар има станови, но во нив никој не живее. Наведените здруженија (освен ЗП Демир Хисар) имаат донесено Правилник во кој се уредени критериумите за сместување на пензионерите во стан сопственост на здружението.
6. Социјална и солидарна помош
На прашањето како здруженијата ги помагаат пензионерите, најголем број здруженија одговориле дека на пензионерите со ниски пензиски примања им доделуваат парична помош и материјална помош, ЗП Битола одговори дека доделуваат одредени донации, ЗП Кр. Паланка и ЗП Сарај доделуваат социјални пакети, ЗП Д. Хисар и ЗП Охрид им даваат прехранбени артикли, ЗП Прилеп доделува еднократна помош и средства за бањско лекување, ЗП Делчево и ЗП Дојран им даваат еднократна помош, ЗП Д. Капија врши посета на болни, ЗП Неготино и ЗП Штип доделуваат помош според барања односно според потребите на пензионерите. Од обработените податоци од анкетниот лист доставени од страна на здруженијата на пензионерите – членки на СЗПМ, за состојбите на клубовите и ограноците на пензионерите произлегуваат следните:
КОНСТАТАЦИИ
- Од 53 здруженија на пензионери, анкетен лист пополнија 42 здруженија или околу 80%, што говори за сериозен однос на здруженијата кон согледувањето на состојбите на клубовите на пензионери и ограноците.
- Половината од здруженијата кои доставиле податоци располагаат со 1 клуб на пензионери и повеќе ограноци (освен ЗП ОВР и ЗП Вевчани) кои немаат ограноци, а половина од нив располагаат со повеќе клубови на пензионери.
- Во основа сите клубови располагаат со средства за рекреација и разонода и во клубовите се служат безалкохолни пијалаци, кафе, чај, сок и вода (освен во ЗП Тетово, ЗП Гостивар и ЗП Струга каде што се служат и алкохолни пијалаци – пиво), со различен пристап во утврдување на цените на пијалаците.
ЗАКЛУЧОЦИ
- Се препорачува на здруженијата на пензионери и понатаму да работат на отворање клубови за пензионери во кои места се одвива реалниот пензионерски живот во соработка со локалната самоуправа.
- Во услови на пандемијата здруженијата на пензионери во согласност со своите можности да преземат мерки за дезинфицирање, средување, варосување на пензионерските клубови, како и на подготовка за редовно работење согласно со постојните прописи. Се препорачува за време на редовното работење на клубовите да се обезбедат неопходните средства за хигиена, како превенција за заштита на корисниците на пензија.
- За работата на клубовите, здруженијата на пензионери треба да донесат Правилник како правна рамка во кој ќе ги уредат сите прашања од работењето на клубовите на што укажува и Државниот ревизор во „Конечниот Извештај за извршената ревизија на успешноста, ефикасноста на преземените мерки, политики и активности за остварување на правата од социјална заштита на стари лица во РМ во институционално сместување во државни пензионерски домови и Клубови“.
- Заради правилна распределба на социјалнo-солидарната помош се препорачува здруженијата да донесат Правилник со кој ќе се уредат мерилата и критериумите со давање приоритет на корисниците со ниски пензиски примања.
- Се препорачува во клубовите на пензионери да се одвиваат активности соодветни за возрасната популација без служење алкохолни пијалаци, како и без други активности кои го уриваат угледот на здружението.
Скопје, јули 2020 година