Инфо  

Галерии

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија во 2020 година реализира повеќе нови проекти, меѓу кои и Проектот „Фонд на книги“,

24.7.2020

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија во 2020 година реализира повеќе нови проекти, меѓу кои и Проектот „Фонд на книги“, во кој   се наоѓаат книги финансиски поддржани од Сојузот. Книгите им се на располагање и можат да ги позајмуваат сите корисници на пензија, членови на здруженијата членки на СЗПМ.

Со овој Проект, Сојузот го поттикнува творештвото на своите членови и истото им го доближува на љубителите на убавиот пишан збор.

Пензионерот позајмената книга треба да ја врати во рок од 30 дена, во исправна состојба.

Секој заинтересиран пензионер книгите може да ги добие во просториите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, ул. Кочо рацин бр 14 Скопје.

Претседател на СЗПМ
Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3