Инфо  

Галерии

Бесплатна нега и грижа за стари и изнемоштени лица кои живеат на територија на општините Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари

23.7.2020

До
Здружение на пензионери
---------------------------------------------

Предмет: Бесплатна нега и грижа за стари и изнемоштени лица кои живеат на територија на општините Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари

Почитуван претседателе,
Ве информираме дека тимот на „Нега Плус“ во време на пандемија преку Проект кој што е финансиран од  УСАИД, преку Проектот за граѓанско учество, нуди бесплатна нега и грижа за стари и изнемоштени лица кои живеат на територија на општините Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари.
Имено, старите и изнемоштени лица, жителите на трите општини, кои имаат
потреба од помош можат да се обратат до тимот на „Нега Плус“ и да добијат бесплатна помош за:
- подготовка на храна,
- пазарење,
- помош при одржување на основна хигиена во домот,
- помош при пресоблекување,
- бањање итн.

Проектот го поддржува Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, и во таа насока Вие претседателе максимално да се ангажирате во детектирање на пензионери  кои имаат потреба од ваква помош  и нивните барања да ги проследите до ХЕРА односно до тимот на „Нега плус“. 

За секоја дополнителна информација може да се обратите на
Марија Ангеловски ХЕРА | Социјална претприемачка
Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија
tel. +389 (2) 3290 395    mob. +389 70 299 026   fax. + 389 (0)2 2556 002
или во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

 

Претседател на СЗПМ
Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3