Инфо  

Галерии

Проблемите заеднички ќе бидат надминати

Состанокот со претставници на СЗПМ, Национални шуми и претставници на здруженија на пензионери

17.8.2020

На 17.08.2020 година во просториите на СЗПМ, се одржа состанок на кој присуствуваа претседателите на здруженијата на пензионери: Виница, Мак. Каменица, Кратово, Кичево, Ново Село, Битола, Демир Хисар и Илинден од Скопје. На состанокот присуствуваа претседателката на СЗПМ, Станка Трајкова, секретарот Менка Темелковска, Никола Лозановски директор на комерцијален сектор и Владо Бибовски од Национални шуми. На почетокот на состанокот претседателката Трајкова ги поздрави присутните и рече:
- Минатата година имавме средби со претставниците од НШ, на претставници на пензионери и од раководството на Сојузот, во врска со прашањето околу обезбедување на огревно дрво, на кои беа донесени заклучоци со цел да се решат одредени проблеми. Набавката на огревно дрво е важно за пензионерите во градовите, а особено во руралните средини. Тоа е хумана работа, поврзана со нивниот стандард, – потенцираше претседателката Трајкова.
Потоа започнаа искажувањето на проблемите со кои се соочуваат здруженијата, од страна на присутните претседатели на здруженија кои им помагаат на пензионерите во набавка на огревно дрво. Од дискусијата произлезе дека сите здруженија имаат различни проблеми, но главно се сведува на ненавременото доставување на договорените количини, квалитетот и различната цена на огревното дрво, иако сето тоа е договорено и авансно платено. Врз основа на сите искажани проблеми беа донесени следните

КОНСТАТАЦИИ И ЗАКЛУЧОЦИ

  • Обезбедување на дрва од страна на Здруженијата за пензионерите треба е многу значајна активност преку која се омага на пензионерите како возрасна целна група;
  • НШ во соработка со  Здруженијата за пензионерите да ги преземат сите мерки за разрешување на проблемите во набавката со огревно дрво;
  • Доставувањето на огревно дрво да заврши до 30 септември 2020 година, бидејќи грејната сезона започнува на 15. Октомври;
  • Здруженија на пензионери идната година при склучување на договори за набавка на огревно дрво, да побараат мислење од НШ со кој економски оператор да склучат договор за превоз на дрвата, за да нема проблеми;
  • На ВЕБ страницата на НШ има примероци на договори, кои здруженијата можат да ги користат при склучување на договорите за да се утврдат јасно правилата и обврските на двете страни.

М. Темелковска

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3