Инфо  

Галерии

Книгите од вас доаѓаат до вас

13.10.2020Една од целите на СЗПМ и дејностите со кои тие се остваруваат, е поттикнување на издавачката дејност и творештвото. Поттикнувањето на издавачката дејност и творештвото на пензионерите, членови на СЗПМ, е регулирана со Правилник за финансиска поддршка. Бидејќи оваа поддршка се реализира повеќе години наназад, објавени се повеќе дела поддржани од Сојузот. Авторите чии дела се финансиски поддржани имаат обврска на располагање на Сојузот да отстапи по 5 примероци. Во 2019 година на 11 пензионери е одобрена финансиска поддршка за издавачка дејност и творештво, а во 2020 година финансиска поддршка добија 14 пензионери. Со цел објавените дела поддржани од СЗПМ да бидат поблиску до пензионерите, од оваа година овие книги се на располагање на сите пензионери кои ќе пројават интерес да прочитаат некое од расположивте дела и повторно да ја вратат книгата за да можат да ја прочитаат и други корисници на пензија. Овие книги можат да се позајмат во просториите на СЗПМ секој ден од 9 до 11 часот. На овој начин може да си ги разубавите пензионерските денови, а книгите од вас доаѓаат до вас!
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3