Инфо  

Галерии

Најнизок и највисок износ на пензии во РС Македонија

28.9.2020

Познато е дека преку најнизок износ на пензија се обезбедува минимум на материјална и социјална сигурност на корисникот на пензија. Висината на најнискиот износ на пензија зависи од должината на навршениот пензиски стаж на осигуреникот и параметарот од кој се определувал  односно усогласувал најнискиот износ на пензија, во време кога е остварено правото на пензија.


Почнувајќи од 1993 година до денес постојат три групи на најнизок износ на пензија. Така за пензионери кои правото на пензија го оствариле после  1.1.1993 година сметано  од 1 јули 2020 година најниските пензии по групи изнесуваат, и тоа:

  1. Прва група - 12.499 денари
  2. Втора група -12.251
  3. Трета група - 11.934

Корисниците  на пензија кои  правото на пензија го оствариле од 1.1.1997 година, најнискиот износ на пензија, по групи, изнесува

  1. Прва група - 10. 883 денари
  2. Втора група - 10. 319
  3. Трета група - 9.751

За  корисниците на пензија кои правото на пензија го оствариле после први јануари 2002 година, најниската пензија од 1.06.2020 изнесува

  1. Прва група - 11. 427 денари
  2. Втора група - 10 083 и
  3. Трета група - 10 240

Во практичното работење  на Здруженијата на пензионери во постојан фокус се корисниците на најнизок износ во пензија при користење право на парична помош, бањско лекување, сместување во пензионерски соби и користење на други поволности кои ги обезбедуваат здруженијата. Во овој контекст од одделни здруженија се постави прашањето зошто некои пензионери примаат пензија која е помала од погоре наведените износи.

Во врска со ова се појаснува дека тука станува збор за пензионер кој остварил дел на пензија според меѓународен договор и доколку пензијата остварена според домашни прописи односно според Законот за пензиско и инвалидско осигурување и странската пензија пресметана според важечкиот девизен курс е помал, тогаш се исплатува најнизок износ на пензија, а ако тие две пензии се поголеми од најнискиот износ тогаш не се исполнети услови за исплата на  најнизок износ на пензија (член 36 од ЗПИО).

Заслужува да се истакне  и фактот дека од вкупниот број на корисници на пензија (над 324.000) најнизок износ користат околу 77.171 пензионери (најголем број на пензионери користат најниски износи кои се во сила од 1.1.2002 година и тоа околу 58.323) преку кој износ на пензија се обезбедува минимум на материјална и социјална сигурност што е битен индикатор кога станува збор за пензионерите како возрасна целна група на граѓани.

Покрај најнизок износ има пензионери кои го користат и највисокиот износ на пензија.

Така 1.301 пензионер во Македонија се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари во зависност од годината кога го стекнале правото за пензија.

Најголем дел или 916 се со пензија од 41.244 денари.

Во јули годинава имало 231 пензионери со пензија над 51.000 денари. 34 пензионери го земале највисокиот износ од 53.691 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско.

Вкупниот број на пензионери пак се искачил на 324.893 лица додека просечната пензија во јули изнесувала 15.412 денари.

Станка Трајкова, претседател на СЗПМ

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3