Движење на бројот на корисници на пензија
13.11.2020Врз основа на податоците од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија бројот на корисници на пензија со состојба јули 2020 година изнесува:
Р бр |
Вид на пензија |
Број VII - 2019 |
Број VII-2020 |
Индекс |
1 |
Старосна |
207.878 |
215.450 |
103,64 |
2 |
Инвалидска |
34.723 |
33.143 |
95,45 |
3 |
Семејна |
75.702 |
75.037 |
99,17 |
4 |
Воена |
1.212 |
1.129 |
93,15 |
5 |
Земјоделска |
171 |
134 |
78,26 |
|
Вкупно |
319.686 |
324.893 |
101,63 |
Порастот на бројот на корисници на пензија се забележува само кај корисниците на старосна пензија од 3,64%, додека кај останатите видови на пензија се забележува намалување на бројот на корисниците на пензија. Ова состојба на зголемување на бројот на старосна пензија, а намалување на бројот на останатите корисници на пензија се забележува и во изминатите години и тоа: Корисниците на старосна пензија се зголемуваат поради стареењето на населението и исполнување на условите за пензија на генерациите вработени после 1955 година кога имаше помасовно вработување, и подолго време на користење на пензијата. Корисниците на минимална земјоделски и воени пензии и во иднина ќе се намалуваат со природен одлив, поради тоа што затекнатите корисници своето право го оствариле според законски прописи кои веќе не се применуваат, а нови права не се остваруваат. Корисниците на инвалидска пензија исто така се намалуваат поради повеќе причини и тоа зголемена заштита при работа, заострување на условите за остварување право на инвалидска пензија, намалување на осигурениците кои работат во отежнати услови како важни индикатори за бројот на инвалидските пензионери кои може посебно да се анализираат. Корисниците на семејна пензија се приближно на исто ниво, односно се намалени за помалку од 1%.Бројот на регистрирани осигуреници на крајот на 2019 година изнесува 581.405 осигуреници и во споредба со бројот на корисници на пензија соодносот изнесува1,8 осигуреници на 1 пензионер. Учеството на старосната пензија во вкупниот број на корисници на пензија е најголемо и изнесува 66,3%. Пензиите од 1 јануари 2020 година се зголемени за 5% односно линеарно 722 денари на секој корисник на пензии и од 1 јули 2020 година со 0,6% според порастот на стапката на трошоците на животот во првото полугодие од 2020 година во однос на претходното полугодие јули-декември 2019 година. Просечните пензии по видови на пензија изнесуваат:
Р бр |
Вид на пензија |
Јули 2019 год |
Јули 2020 год |
Индекс |
1 |
Старосна |
15.813 |
16.651 |
105,3 |
2 |
Инвалидска |
13.151 |
13.945 |
106,0 |
3 |
Семејна |
11.635 |
12.405 |
106,6 |
4 |
Воена |
21.866 |
22.677 |
103,7 |
5 |
Земјоделска |
7.213 |
8.034 |
111,4 |
|
Вкупно |
14.553 |
15.412 |
105,9 |
Со извршеното усогласување на пензиите, просечната пензија во јули 2020 годна изнесува 15.412 денари. Учеството на просечната пензија во однос на просечната плата изнесува 57,3%.
Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија покрај порастот на трошоците на животот ги следи и другите параметрите за усогласување на пензиите ( порастот на просечните плати и минималната плата) и доколку има пораст на платите повеќе од 5% ќе се заложи да се изврши и усогласување на пензиите со порастот на платите.
На крајот заслужува да се истакне дека и во услови на пандемијата од Ковид 19 се врши благовремена исплата на пензиските примања. Пензиите редовно и навремено се исплатуваа.