Инфо  

Галерии

Молба од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија да се обезбедат вакцини за сезонски грип за пензионерите

19.11.2020

До МИА

ПРЕДМЕТ: Молба од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија да се обезбедат вакцини за сезонски грип за пензионерите

Почитувани,

Ве молиме во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата земја да објавите дека пензионерите молат да добијат приоритет за вакцинирање од сезонски грип како најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.

Однапред Ви се заблагодаруваме за објавата.

Со почит
Претседател на Сојузот на здруженија
на пензионери на Македонија
Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3