Инфо  

Галерии

ЗП Охрид и Дебрца, Средба со Лазе Танески, пратеник во Собранието на РСM

Соработката секогаш дава резултати

12.2.2021

На 11.2.2021 година Лазе Танески од Охрид, пратеник во Собранието на РС Македонија го посети ЗП Охрид и Дебрца и оствари работна средба со претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров.

На средбата се дискутираше за доставената иницијатива за измена и дополнување на член 105 од Законот за здруженија и фондации која е поднесена до Собранието на РС Македонија од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Пратеникот искажа разбирање и спремност со заложба да ја поддржи иницијативата за измена и дополнување на законот со која постојните домови на пензионерите да преминат во сопственост на сегашните здруженија. 

Пратеникот беше запознаен и со други преземени мерки и активности во ЗП Охрид и Дебрца преку давање помош од заштитни средства, маски, облека, храна  и друго на болните, изнемоштени, осамени и пензионери со ниски пензии, со нивна достава преку волонтери на Црвениот крст и во соработка со кризните штабови во општините Охрид и Дебрца, во состојба и услови на пандемија од корона вирусот Ковид 19. Договорено е вакви средби да има и во иднина.

 Комисија за информирање

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3