Инфо  

Галерии

Разговор со в.д.директорката на ФПИОСМ, Билјана Јовановска

Соработката е на посакуваното ниво

15.3.2021

Соработката помеѓу Фондот на пензиско-инвалидското осигурување во нашата земја и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е на посакуваното ниво, во интерес на сегашните и идните пензионери.  И до сега Сојузот имал добри конекции со Фондот, што е природно и неопходно заради целите и задачите поместени во актите и Програмите за работа на Фондот и на Сојузот. Соработуваат на се’ што е поврзано со сегашните и идни пензионери во границите на можности со цел живот на пензионерите да биде што поквалитетен и подобар. Во врска со соработката в.д.директорката на ФПИОСМ, Билјана Јовановска вели:

-Така било и така ќе биде и во иднина. Јас лично ќе се залагам максимално во таа насока со сето мое знаење, искуство и интелектуален капацитет, заедно со мојот тим. Грижата на пензискиот фонд не престанува со добивање на решение за пензија, туку продолжува во постапката при остварување на правата, исплатата на пензиите, исплатата на посмртната помош, на уточнување на податоците за собирање членарина и воопшто унапредување на пензискиот систем.

Во рамките на соработката директорката Јовановска беше гостинка на СЗПМ и одговараше на прашања кои директно ги поставуваа пензионерите на линијата „Ало - пензионерски прашања“. Еве што вели за тоа:

-Пред се’ сакам да кажам дека да одговарам директно на прашања кои ќе ми ги поставуваат пензионерите на телефонската линија „Ало пензионерски прашања“ беше моја, договорена на една од нашите работни средби со претседателката на Сојузот Станка Трајкова, а ќе одговарам и друг пат на прашања кои ќе ги наметне актуелното време.  Што се однесува до „гостувањето“ и одговарањето на прашања, ми бише задоволство и чест да им одговарам на прашањата на нашите највозрасни граѓани. За што ме прашуваа? За многу нешта. Еве ќе издвојам некои од прашањата заедно со моите одговори:

*Зошто постапката за добивање пензија долго трае? (постапката не е едноставна,  но јас интензивно работам рокот од поднесување на барање до донесување на решение за пензија да биде пократок. Ве молам јавете се на овој број или во Фондот и  ќе се изврши увид и преземат активности )

*Дали и оваа година ќе има бањска рекреација (да ако дозволат здравствените услови заради пандемијата од Ковид 19)

*Ќе има ли петти пакет и дали во него ќе бидат опфатени и пензионерите и кои? ( тоа ќе одлучи Владата, а ние како фонд ќе направиме се’ сите мерки да дојдат што побрзо и побезбедно до примателите).

* Имаше и повеќе прашања од здравствената заштита како што е дали ќе се прошири позитивната листа на лекови, ќе има ли бесплатни тестови за ковид -19, кога ќе  бидат вакцинирани пензионерите и друго, на кои јас одговарав во граница на моите сознанија.

Стојам на располагање и во иднина да имам ваква директна комуникација со сегашните и идните пензионери.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3