(Сл.весник на РМбр.169/15,226/15,55/16,11/18,83/18 и 302/20)
Осврт во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
27.3.2021Во последните денови меѓу пензионерите се појавија реагирања дека прописите во врска со издавање на возачката дозвола се измениле и дека на старите лица вклучувајќи ги и пензионерите нема повеќе да им се издава дозвола со навршување на 80 години возраст.
Со цел да се информираат пензионерите се направи осврт во Законот за заштита на безбедност во сообракајот на патиштата и притоа се утврди дека на овој закон не постои пречистен текст и затоа заради појасно информирање на пензионерите се направи интерен пречистен текст на членот 304, кој гласи:
“(1) Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години,а на лицата постари од 75 години , со рок на вaжење од пет години.
(2) По исклучок од ставот 1 на овој член, возачка дозвола за категориите “Ц1” “Ц1Е” “Ц” “ЦЕ” “Д1Е” и “Т” се издава со рок на важење од пет години.
(3) Рокот на важаење на возачката дозвола се смета од денот на нејзиното издавање.
(4) На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 70 години возраст, возачката дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршување на 75 години возраст.
(5) Возачка дозвола може да се издаде или нејзината важност може да се ограничи и на рокови пократки од ставовоте(1),(2), и (4) на овој член , врз основа наод и мислењето на здравствената установа,содржани во уверението за здравствената и психичката способност на лицето.”
Од изложената законска одредба се гледа дека трите последни измени на членот 304 од споменатиот закон се во интерес на возрасните лица односно на пензионерите со покачување на возраста и рокот на траењето на возачката дозвола односно намалување на бројот контролните прегледи. Меѓутоа, законодавецот во измените извршени на ставот 5 на членот 304 во 2018 година , заради безбедност во сообракајот утврдува дека возачката дозвола во сите случаи може да се ограничи и на пократки рокови зависно од здравствената и психофизичкта состојба на лицето.
На крајот се известуваат пензионерите дека согласно постојниот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштита не постои ограничување на издавање на возачката дозвола само поради наполнување на 80 годишна возраст, но секогаш треба да се има предви дека при издвање на возачката дозвола во сите случаи релевантна е здравствената состојба на возачот.
Исто така, од изложениот текст се гледа дека последните измени поврзани со возачкта дозвола се од декември 2020 година, а за евентуални наредни измени кои ќе се од значење за пензионерите ќе бидете благовремено известени.