Инфо  

Галерии

Со стабилизирање на состојбата со пандемијата, ке се стабилизира и исплатата на посмртна помош

21.5.2021

Согласно со член 115 од Законот за ПИО на корисник на пензија со негова согласност, му се запира дел од пензијата за обезбедување средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство.

Средствата за солидарен фонд – посмртна помош Фондот ги уплатува на посебна подсметка во рамките на трезорската сметка.

Со член 116 став 2 од  од Законот е регулирано  дека висината на задршката за посмртна помош и членарина, висината на исплата на посмртна помош, во зависност од акумулираните средства и смртноста на корисниците на пензија, начинот и постапката за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарен фонд во единствен износ за сите корисници на пензија, како и начинот на располагање на слободните а неискористени средства, со акт ги утврдува Регистрираната организација за солидарен фонд и членарина составена од сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ и 3-те инвалидски сојузи).

Врз основа на донесената Одлука бр 02-02/847 од  Одборот на Регистрираната  организација за солидарен фонд и членарина, е одредена висината на задршката за солидарен фонд која изнесува 120 денари, како и висината за исплата на посмртна помош во износ од 30.000 денари.

Средствата од солидарниот фонд за исплатата на посмртна помош ја сервисира и исплаќа Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија врз основа на потребна проследена документација за починатиот корисник на пензија.

Во изминатиот период посмртната помош редовно се исплаќаше,  за што редовно се подготвуваа информации за издвоените и исплатените средства.

Меѓутоа кон крајот на 2020 година во услови на вториот бран од ковид 19 што најмногу имаше влијание на повозрасната група население, односно на пензионерите, значително се зголеми бројот на починати корисници на пензија за што целосно се исцрпија акумулираните средства за исплата на посмртната помош, односно се појави недостиг на средства за нивна исплата.

Во такви услови а со цел да се надмине недостигот на средства Одборот на Регистрираната организација за солидарни средства и членарина  ја зголеми времено задршката за солидарен фонд од 120 на 130 денари со важност од 1 февруари 2021 година. Меѓутоа пикот на пандемијата продолжи и во месеците  јануари и февруари 2021 година  кога смртноста на пензионерите беше значително зголемена, поради што недостигот на средства за исплата на посмртна помош уште повеќе се зголеми. Одборот по доставена Информација од Фондот за акумулирани и исплатени средства за посмртна помош оцени дека има потреба од зголемување на издвојувањето за посмртна помош од 140  денари со важност од мај до декември 2021 годината.

Имајќи предвид дека состојбата со пандемијата се стабилизира, а од март 2021 година и смртноста на корисниците на пензија се намали, односно се нормализира како пред пандемијата  се смета дека во наредниот перид ќе се исплати сета заостаната неисплатена помош за починатите корисници на пензија.   

Менка Темелковска секретар на ИО на СЗПМ

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3