Инфо  

Галерии

Тетово ЗИТ КИП

Парична помош на 90 пензионери

28.10.2021

Со одлука на надлежните органи на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија Тетово, на 90 пензионери им се доделени парични средства. На 60 од нив, како што не информираше претседателот на ЗИТ КИП Тетово, Гидо Бојчевски, доделени се еднократни помошти по 2 000 денари, додека на останатите по 1000 денари. Помоштите се доделени по предлог на претседателите на месните организации или по лично барање на членовите. Инаку, ова е традиционална активност што Здружението ја спроведува секоја година.

Како основни критериуми за доделување се материјална положба или лошата здравствена состојба на секој поединец.

Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија Тетово го сочинуваат 2.200 членови во организирани во 27 месни органоци.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3