Инфо  

Галерии

Известување

13.11.2021

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија како граѓанска организација, легитимен и автентичен претставник на пензионерите, редовно го следи усогласувањето на пензиите преку кој механизам се одржува реалната вредност на пензиите. Заради подобрување на материјалниот статус на пензионерите Сојузот редовно бара да се промени формулата за усогласување на пензиите, односно пензиите да се усогласуваат со дел од порастот на трошоците на животот и дел со порастот на платите на вработените, земајќи го во предвид поповолниот процент. Во прилог на предлогот до надлежните органи, доставени се и потребните пресметки односно финансиски ефекти.

Меѓутоа,  според постојниот закон за пензиско и инвалидско осигурување порастот на трошоците на животот во периодот јули-октомври 2021 година, се зголемени за 2,3% со тенденција до крајот на годината порастот да изнесува околу 3%. Движењето на платите заклучно со август 2021 година се зголемени за 4 % со очекување дека до крајот на годината ќе биде околу 5%. Исто така, според најавите минималната плата се предвидува од 1 јануари 2022 година да се зголеми на 18.000 денари, што е повеќе од 15%.

Доколку овие предвидувања се остварат ќе се исполнат условите за усогласување на пензиите од 1 јануари 2022 година и со порастот на платите за околу 5% што би изнесувало во просек околу 800 денари, без да се измени Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Меѓутоа, заложба на Сојузот е да се измени Законот за пензиско и инвалидско осигурување како системско решение,  со кое ќе се регулира во иднина усогласувањето на пензиите да се врши со дел од порастот на трошоците на животот и дел од порастот на платите, земајќи  го предвид поповолниот процент.

Станка Трајкова,претседател на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3