Инфо  

Галерии

Значајна седница на Издавачкиот совет

1.12.2021

На 29.11.2021 година се одржа седница на Издавачкиот совет. На неа беше предложен и едногласно усвоен дневниот ред:

  • Активности на Издавачкиот совет во 2021 година, како и донесување правила, планови и насоки  за работа во наредниот период;
  • Извештај за финансиска поддршка на  издавачка дејност и творештво;
  • Информираност на членството преку весникот „Пензионер плус“ и весникот „КОХА“, веб-страницата  и други медиуми во текот на 2021  и планови за 2022 година.

Воведно излагање имаше претседателката на Издавачкиот совет, која е и претседател на Сојузот Станка Трајкова, која во излагањето го потенцираше следното:

-Овој совет има голема важност за работата на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Причини за свикување седница на ова тело има повеќе. Информирањето и издаваштвото во Сојузот имаат особена важност. Издавачкиот совет на некој начин интегрира повеќе сегменти  од оваа проблематика кои имаат свои правила на работа, но неминовно е потребно да се донесе една општа рамка која ќе ги содржи тие интегративни елементи. Издавачкиот совет во 2021 година имаше повеќе може да се рече, традиционални активности кои се зацртани во програмите на Сојузот повеќе години наназад. Тука спаѓа пред сe издавањето на весникот „Пензионер плус“ кој за разлика од 2020 година имаше 12 наместо 10 изданија. Тоа го наложи ситуацијата со корона вирусот ковид 19. Во првите месеци на пандемијата весникот беше единствената врска меѓу Сојузот, здруженијата и членството иако дистрибуцијата беше отежната, но за волја на вистината таквата состојба продолжува и треба да се најдат нови начини за поуспешна дистрибуција. Исто така, редовно излегуваше една страница на албански во весникот „КОХА“ со избор на написи објавени во „Пензионер плус“. Покрај тоа финансиски беа поддржани повеќе творци пензионери, здруженија и друго. Беше отпечатен леток со текстови интересни за животот на пензионерите, постер за 75-годишниот јубилеј на пензионерското организирање во нашата земја, како и Билтен за ревиите и Билтен за спортските јубилејни натпревари. Се оценува дека е  потребно политиката за  издавачката дејност   да биде детерминирана во одредена правна рамка во која би биле опфатени есенцијални прашања. Тоа би биле   формите на издавачка дејност  во СЗПМ. Текстовите во весникот треба да бидат во согласност со Статутот, Програмата и политиките на здруженијата и СЗПМ; Објавувањето на еден напис да   зависи од неговата актуелност и значење; предност за објавување ќе имаат текстови за животот во третата доба, за оние кои поттикнуваат хуманост, соживот и волонтерство, но и текстови за идните пензионери бидејќи „Пензионер плус“ е весник за сегашните и идните пензионери; дали еден текст ќе биде објавен одлучува главниот и одговорен уредник, редакцијата на своја седница, а во одредени случаи и Издавачкиот совет претставуван од претседателот. Текстови во кои има говор на омраза, етничка, религиозна и родова дискриминација нема да бидат објавени.

Еднаш годишно да се дава финансиска поддршка за издаваштво и творештво на пензионери за што постои посебен акт на Извршниот одбор.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3