Инфо  

Галерии

Известување за претседателите на Здруженијата на пензионери членки на СЗПМ

20.3.2022

Почитуван претседател,

Имам информации дека  одделни Здруженија на пензионери како грaѓански организации  ги посетуваат претставници од различни политички партии со настапи за појаснување во врска со усогласување на пензиите, посмртната помош и други прашања од работата на здруженијата.

Ве известувам дека доколку имате потреба од информација за споменатите прашања потребните одговори во секое време може да ги добиете од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија

Во следниот број на “Пензиoнер плус” ќе биде поместен објавениот текст на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување објавен во Службен весник на РСМ, како и одлуките за Солидарниот фонд, од каде изворно ќе ги имате потребните информации.

Станка Трајкова,
претседателка на Сојузот на здруженија  
на пензионерите Македонија

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3