Инфо  

Галерии

ЗП Сарај

Промоција на книга „Живот во плетеница”

15.8.2022

На 09.08.2022 година, во организација на Здружението на пензионери Сарај, се промовираше книгата со наслов „Живот во плетеница” од авторот Митат Синани. Промоцијата се одржа во Клубот на здружението каде присуствуваа пензионери, членови на ЗП Сарај.

Модераторот на средбата Махир Дураку, го претстави авторот, потсетувајќи дека се од исто населено место и дека животот како деца и млади го поминале заедно. Му се заблагодари на авторот за трудот што го вложил, спомнувајќи дека оваа е прва негова книга.

Баки Бакиу, кој е и уредник на книгата, откако даде биографски податоци за авторот, зборуваше опширно за неговата книга. Покрај другото тој истакна дека Митат Синани оваа книга ја напишал во дијаспората. Книгата е една монографија во која авторот детално пишува за својот живот, почнувајќи од детството па се до својата трета доба од животот. Тој во книгата пишува за своето родно село Копаница, за животот кага бил  дете, за неговото образование, тешките услови за школување, за моменти од служењето на воениот рок и друго.

Еден дел од книгата ја посветува на работата во дијаспората, за нејзините добри и лоши страни со кои се соочувал во работата како наставник таму, со децата од албанската националност, како преведувач и друго. Книгата ја украсува со три негови песни: „Нашиот јазик“,  „Мојата мајка“, „Раната на печалбата“, додека книгата ја започнува со една поезија од Мајка Тереза со наслов „Животот“, а ја завршува со една песна од непознат автор со наслов „На никого не му должам во животот“.

Книгата е илустрирана со околу триесет фотографи со кои авторот покажува моменти од својот живот, почнувајќи од детството до денес, како и  седум поговорки кои зборуваат за животот, ставени на соодветни места во книгата. 

На крај од промоцијата зборуваше и авторот на книгата Митат Синани кој се заблагодари на организаторот на средбата, Здружението на пензионерите Сарај, како и на присутните додавајќи меѓу другото дека книгата ја подготвил во дијаспората и откога зборуваше за книгата, нагласи дека има напишано и поголем број песни со тематика, љубовта кон татковината, кои можат да бидат едно следно издание.

Б. Бакиу

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3