| 
          
          
      Усогласување на пензиите според новата методологија
      23.9.2022
  - 
    
Со исплатата на септемвриската  пензија, усогласувањето на сите пензии изнесува 6,8%. Вака зголемената пензија  преставува основица за наредното усогласување на пензиите. 
      Усогласувањето на пензиите од 6,8%   е утврдено на следниот начин:  
      Пораст на индексот на трошоци на  животот за период јануари – јуни 2022 година во споредба со трошоците на  животот во период јули - декември 2021 година, изнесува 6,9%, а 50% од тој  пораст  изнесува 3,5%. Пораст на  просечните плати на сите вработени за истиот период изнесува 6,6%, а 50% од тој  пораст изнесува 3,3%. Вкупното зголемување по двата основи изнесува 6,8%. 
   
  - 
    
 Покрај усогласување на  пензиите од 1-ви септември 2022 година, пензиите од 1–ви јануари 2022 година  беа усогласени за 2,9%. 
   
  - 
    
 Вкупното зголемување на  пензиите  за 2022 година изнесува 9,7%. 
   
  
         | 
          
            
             |