Инфо  

Галерии

Подградец

Посета на пензионерите од Подгрaдец во Албанија

21.11.2022

Во рамките на меѓународната соработка  на Сојузот, на 17 ноември 2022 година, во Подградец,  Р Албанија, беше одржана работна средба на која беа присутни  пензионерите од Подградец. На средбата од македонска страна присуствуваа Станка Трајкова, претседател на СЗПМ, Ментор Ќоку, потпретседател на Извршниот одбор на Сојузот и Ѓорги Трпчески, претседател на ЗП Охрид, како членови на Комисијата за меѓународна соработка во Сојузот. Од албанска страна беа  г. Љавдрим Миминлари, г. Љутви Бутка и г. Ферит Дука како претставници на пензионерите на ниво на Албанија. Присутен беше и градоначалникот на Општина Подградец. На средбата имаше и претставници од здруженијата на пензионерите на Охрид, Струга и Гостивар.
Најважната тема на средбата беше материјалниот статус на пензионерите, соработката со локалната власт, бавното решавање на пензионерските барања. Албанските пензионери освен пензијата немаат други помошти надвор од пензискиот систем што негативно се одразува на животот на пензионерите. Меѓутоа, нивното залагање за подобар живот ќе продолжи заедно со раководните лица на пензионерските асоцијации.
За оваа средба имаше интерес и од медиумите со прашања: која е целта на посетата, колку изнесува просечната пензија во Македонија,  дали има друга помош на пензионерите покрај исплата на пензијата и сл. Интересно беше што тие самите имаа информација дека статусот на пензионерите во РС Македонија е поповолен, но сакаа за тоа изворно од нас да се информираат.
Се договоривме за размена на искуства, со тоа што и ние да им помогнеме во организирањето на нивните пензионерски организации, како би можеле поедноставно и полесно да ги остваруваат своите права и интереси.

Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3