ЗП Битола
Свечено одбележано 76 годишно постоење со идавање на монографија
22.11.2022
Здружението на пензионери Битола на 19.10.2022 год. ја одбележа 76 годишнината од пензионерското организирање во Битола, со сумирање на постигнатите резултати и промоција на својата првата монографија под наслов ,,76 години позитивни активности“. По овој повод Собранието на Здружението оддржа свечена седница со која раководеше претседателот на Собранието Крсте Белевски. Во името ма Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија чија членка е ЗП Битола присуствуваше Претседателот на Сојузот м-р Илија Адамоски.
На седницата, покрај претставниците на собранието беа поканети председателите на ограноците, председателите на комисиите, како и голем број на гости - претставници на Здруженијата на пензионери од Републиката и од соседна Република Србија, градоначалниците на Општините Битола, Новаци и Могила и други гости.
При отворањето на седницата председателот на Собранието на ЗП Битола Крсте Белевски го истакна значењето на пензионерското организирање во нашата земја, а посебен осврт даде за монографијата истакнуваќи при тоа дека честа и задоволството за изготвување на монографија после 76 година постоење на здружението, му припадна на акруелното раководство.
По бурните аплаузи при поздравувањето на поканетите гости, председателот Белевски и даде збор на претседателката на ЗП Битола Даница Петличкова, која ги поздрави присутните и рече:
-Голема чест и задоволство ми претставува да бидам на чело на најголемото и со најдолга традиција на постоење здружение во Република Северна Македонија. Оваа година, Здружението на пензионери од Битола одбележува 76 години од своето основање. По тој повод ја издаваме оваа знчајна монографија со цел да останат запишани сеќавањата за неговото формирање, како и неговиот развој низ годините. Во изминатите 76 години ЗП Битола растеше, се надградуваше и постигнуваше видни резултати во сферата на пензионерското организирање. Одбележувањето на 76 годишното постоење е доволен доказ за неговата зрелост, но и потврда за бројните постигнати резултати и успеси, согледување на проблемите и слабостите, а со тоа и трасирање на патот за понатамошен развој. 76 годишното постоење поттикнува гордост, но и задолжително сеќавање и признание за многу генерации кои се вградија во развојот на Здружението работејќи со голема инспирација и ентузијазам. Сите заедно љубоморно ги чуваме спомените кои оставиле белег за нивното постоење и секогаш со задоволство се навраќаме на нив на средбите и пензионерските дружења.
Мисија на нашето Здржението е создавање услови за заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија, остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, поквалитетна здравствена заштита, поквалитетно домување, унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите и друго. Пензионерите имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Тие целиот свој живот придонесувале за нашата држава и кога им завршува работниот век треба да им се возврати, пензионерските денови да им бидат спокојни и достоинствени.
Програмските активности здружението ги реализира согласно своите акти и актите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со кој како негова членка. остварува одлична соработка. Преку наши членови во повеќе органи на Сојузот допринесуваме за решавање на одредени проблеми, но и за креирање на активности и постигнување на резултати.
Во овој тежок пандемиски период за сите нас, го загубивме претседателот Томе Димитровски, истакнат пензионерски активист кој со својот ангажман придонесе за развој на здружението. Загубата беше голема за здружението и за сите нас, но не застанавме, туку продолживме по патот кој тој го трасираше.
Многу активности беа одложени, редуцирани, но не престанаа. Најважно, беше да бидеме одговорни, да се чуваме себеси и сите околу нас и да си помагаме едни на други. Таа солидарност се покажа во овие две години, кога во фокус беа главно хуманитарните активности за справување со кризата. Хуманитарните. активности за време на пандемијата од корона вирусот беа многубројни, обмислени и конкретни.
Не изостанаа ниту капитални инвестиции: купан е простор од 100 квадратни метри, целосно реновиран и опремен за клуб на пензионери, а се инвестираше и во повеќе пензионерски клубови.
ЗП Битола аплицираше по Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2021 година со проектот „Грижа за здравјето на стари лица“ и доби финансиски средста од 50,000 ден, со кои беа одржани 20 едукативни работилници.
ЗП Битола има воспоставено одлична соработка со локалните самоуправи на Битола, Новаци и Могила, како и со повеќе здруженија на пензионери од Македонија и соседните земји. Работевме доста, така и ќе продолжиме во интерес на нашето членство и пошироко. Сите овие бројни активности поместени се во првата монографија на ЗП Битола, како потврда и поттик за сите дека пензионерските денови може да бидат и убави и исполнети.
По обракањето на председателката на присутните им се обрати претседателот на Собраниетп на СЗПМ м-р Илија Адамоски кој воедно беше и промотор на монографијата. Тој изрази големо задоволсво што му се даде можност тој да биде промотор на едно вакво значајно дело, прво по 76 години од постоењето на пензионерското организирање во Битола.
Присутните ги поздрави во име на општината Битола Виолета Налевска и им посака успех во наредните активности.