Инфо  

Галерии

ЗП Гостивар

Дружење низ соживот

14.11.2022

На 12 ноември 2022 година, околу 230 пензионери по дваесет и петти пат, во чест на денот на ослободувањето на Гостивар, присуствуваа на традиционалната пензионерска средба, која помина во другарување кое ќе остане незаборавно на пензионерите, кои беа од различни етнички средини. На ова пензионерска средба, во организација на ЗП Гостивар, присуствуваа претставници од СЗПМ Менка Темелковска, секретар при СЗПМ  и Лиле Траковска, пензионери од Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште, потоа претставници од здруженијата на пензионери од Пробиштип, Струга, Охрид, Сарај и Тетово.
Пензионерската средба ја отвори претседателот на ЗП Гостивар Нијази Џелили, кој ги поздрави гостите и пензионерите посакувајќи им добро расположение, здравје и долг живот, воедно им посака секогаш да присуствуваат на ваквите организирани средби.
Со пригодни зборови, присутните ги поздрави и претседателката на Активот на пензионерки при ЗП Гостивар Вадија Зендељи посакувајќи им добредојде и добро расположение.
- Среќата најмногу се чувствува кога имаме со кого да ја споделиме. Обидете се  да најдете време за забава уживајќи во пензионерските години. Дружете се со пријатели и чувајте го тоа пријателство бидејќи здравите односи влијаат да бидеме среќни. Нека знаат сите дека и ние како пензионери знаеме да организираме убави манифестации и не дозволуваме никој да ни го прекине замавот на наши успеси, рече претседателката Вадија Зендељи, убедена дека самиот збор Здружение е симбол на единство.
На пензионерска средба се пееја песни на македонски, албански и на други јазици и сите се веселеа и играа во исто оро. Сите беа среќни и задоволни што се заедно и што другаруваат.

            Вадије Зендељи
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3