Средба на министерот за здравство, д-р Беким Сали и претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери na Македонија Станка Трајкова и нејзините соработници
8.12.2022
На 7.12.2022 година се оствари средба на министерот за здравство, д-р Беким Сали и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Станка Трајкова и нејзините соработници. На средбата се разговараше за повеќе аспекти на здравствената заштита на оваа категорија граѓани. Посебен фокус беше ставен на функционирањето на „Мој термин“, долгото чекање за оперативни зафати на офталмологија, дефицит на геријатриски простор, достапност на здравствена заштита во рурални средини, можностите за ослободување од партиципација за пензионерите и померување на границата за ослободување од партиципација за болничко лекување, односот на „Брзата помош“ кон постарата популација, субвенција на разликата на чинење од државните и приватните институции, за најновите измени на позитивната листа на лекови и за нејзино обновување, како и за други актуелни теми.