Измени во тарифите за плаќање на банките за физички лица
22.1.2023Комерцијална банка
Почнувајќи од 20.12.2022 година Банката воведува надоместок за исплата на готовина на шалтерите на Банката, од девизни трансакциски сметки и неорочени денарски и девизни депозити, кој ќе изнесува 0,1 % по поединечен налог (мин. 30,00 ден., макс. 500,00 ден.).
Почнувајќи од 20.12.2022 Банката ќе изврши измена и на надоместокот за исплата на готовина од денарска трансакциска сметка кој ќе изнесува 0,1 % по поединечен налог (мин. 30,00 ден., макс. 500,00 ден.).
Информациите за висината на надоместоците се објавени на веб-страницата на Банката на следниот линк www.kb.mk.
Ве известуваме дека Банката изврши измена на надоместоците за водење платежни сметки во денари. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 01.03.2023 година се следните:
Водење платежни сметки: 35 денари месечно
Водење платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија: 25 денари месечно
*Согласно договорот за платежна сметка во денари, доколку во рок од два месеца по завршување на месецот во кој е извршена промената на условите во работењето за кои сте известени со оваа порака, не поднесете барање за раскинување на Договорот, се смета дека сте согласни со новите услови и дека ги прифаќате во целост.
Ве известуваме дека Општите услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица резиденти кои важат од 01.01.2023 година, согласно измените од Законот за платежни услуги и платни системи за кои клиентите беа информирани со објавената Информација за Законот за платежни услуги и платни системи, се објавени на веб страницата на банката на следниот линк: https://www.kb.com.mk/platezna-smetka.nspx.
Ве известуваме дека поради промена на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, од 01.01.2023 година каматната стапка што се применува при пресметување на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 12.70%, а се добива така што на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 4.75%, се додаваат 7.95 процентни поени.
Каматната стапка што се применува при пресметка на камата за недозволено пречекорување изнесува 12.75% на годишно ниво.
Стопанска банка
Ве известуваме за воведување на нови и измена на надоместоците во тарифата за физички лица на Банката:
- Надоместок за подигнување на готовина од денарски и девизни сметки од шалтерите на СБ, во висина од 30 денари во соодветната противвредност, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022.
- Надоместок за водење на девизни сметки со активност во месецот, во висина од 30 денари месечно во соодветната противвредност, при што активна сметка е онаа сметка на која се евидентирани клиентски иницирани кредитни и дебитни трансакции извршени во текот на календарскиот месец - во примена од февруари 2022.
За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната www.stb.com.mk.
Како клиент на Банката, го задржувате своето право да го уредите, измените или да побарате прекин на деловниот однос со банката со доставување на писмено барање на шалтерите на банката, во спротивно ќе се смета дека трошокот е прифатен и дека Банката има право да го наплатува истиот. (датум на известување 24.12.2021)
Ве известуваме дека Стопанска банка АД - Скопје во согласност со актите на банката, на клиентите кои се корисници на Дозволено пречекорување со навршена возраст од најмалку 70 години, ќе направи корекција на износот на Дозволено пречекорување, до износ од една месечна пензија.
За сите останати клиенти, условите остануваат непроменети.
Поради промена на референтната стапка која е основица за пресметување на каматата за дозволено пречекорување, Стопанска банка ад-Скопје изврши прилагодување на каматната стапка за дозволените пречекорувања од 01.01.2023г. Висината на каматната стапка е наведена во приложениот извод и е јавно објавена во филијалите и веб страната на СБ.
NLB
Важност од 01 Јануари 2023
Халкбанк
Достава и исплата на пензии и социјални права на домашна адреса преку АД Пошта
пензија во износ до 5.000 денари 70 денари
пензија во износ од 5.001 до 9.000 денари 100 денари
пензија во износ до 9.001 до 15.000 денари 130 денари
пензија во износ над 15.000 денари 160 денар
Платен промет во земјата преку шалтер за физички лица
Број на тарифна ставка
Вид на услуги Висина на тарифна ставка
1 Платен промет во готово
Уплата во готово од физички лица на сопствена трансакциска сметка без nадомест
Исплата во готово на физички лица од трансакциска сметка 20 денари од налог
Замена на оштетени ефективни средства (денарски и девизни) 5,00% од зносот
или мин. 50 МКД
*провизијата за девизни средства се наплаќа во денари по среден курс на НБРСМ
1.1 Платен промет во готово (случајни минувачи)
Интерни плаќања
Готовински плаќања на трансакциска сметка во Халкбанк 40 денари по налог
Готовински плаќања кон сметки на Халкбанк АД 20 денари по налог
Уплата во готово во корист на правни лица со кои Банката има склучено договори за вршење на услуга за наплата на сметки на терет на правното
лице по договор
Трансакции извршени преку КИБС
Готовински уплати на ПП50 кон буџетски установи
до 1.000 денари 35 денари по налог
од 1.001 до 5.000 денари 45 денари по налог
од 5.001 до 15.000 денари 150 денари по налог
над 15.001 денари 225 денари по налог
Готовински плаќања кон трансакциска сметка во други банки – ПП10
до 5.000 денари 70 денари по налог
од 5.001 до 15.000 денари 150 денари по налог
над 15.001 денари 225 денари по налог
Готовински уплати на ПП50 кон буџетски установи 350 денари по налог