Заклучоци на Извршниот одбор при ЗПК Куманово за протестот на 28.03.2023 год.
2.5.2023Извршниот одбор при ЗПК Куманово на својата седница одржана на 24.04.2023 год. го разгледа дописот доставен од СЗПМ, како и барањата на Иницијативниот одбор за одржување на протестот на 28.03.2023год. по што зазеде свој став, мислење и :
ЗАКЛУЧОЦИ
1.ЗПК најостро ги отфрла барањата на Иницијативниот одбор за Протестот од 28.03.2023 год .како апсурдни, нелогични, штетни и пред се тенденциозни. Имено, Здруженијата на пензионери во државата се НЕПРОФИТНИ, НЕПАРТИСКИ организирања врз доброволна основа, во согласност со Законот за здруженија и фондации, а внатрешното уредување врз основа на сопствени Статути. Истите самостојно одлучуваат, без туѓо влијание и под ничија ингеренција. Нивна прва и основна цел е здружување заради остварување на заеднички цели, застапување и грижа за прашања од интерес на пензионерите.
- Апсурдно е барањето да се поништат веќе спроведени изборни активности и е извршен избор на тела и органи во ЗП во рамки на Законите и сопствениот Статут ( без негово кршење), се девалвира демократското право на секој член да бира и да биде биран, всушност се бара да се реши проблем кој не постои, а треба да се постапи по диктат на тн. Иницијативен одбор.
2. Апсурдна, нелогична и штетна ( сулуда) е идејата за одвојување на членарините за членство во Зздрженијата на пензионери и Сојузот и посебно за Солидарниот фонд при поднесувањето на барања при исполнување на услови за пензионирање, бидејќи штетата ќе биде огромна и непоправлива.
Иако членството е на доброволна основа може да дојде до збунување на пензионерите, ќе се внесе страв и загриженост за досега вложените средства, со тоа полека ќе се гаси- тивко ќе „изумира„ активниот живот во третото доба, ќе замрат дружењата, спортувањето, прошетките, хуманитарните активности и помош на ранливите пензионери, бањското лекување, залагањето за зголемување и навремена исплата на пензиите и ред др. активности и планирани програмски цели на секое Здружение во рамките на своите финансови планирања и распределба на средствата.
Солидарниот фонд е изграден пред повеќе од 70 години, се надградува и успешно опстојува и ја врши намената за која е формиран, па доколку дојде до т.н некои системски промени, јасно е што би се случило доколку се дозволи со тој фонд да располага некој што не го изградил, а особено колкаво би било незадоволството при неисплата на средства за скромен достоинствен погреб, а Здруженијата во државата и Здруженијата на пензионери членки на Сојузот досега успешно опстојуваат и функционираат со ваквиот начин на здружување.
3. Тенденциозна и јасна е пораката од Иницијативниот одбор дека во неговата сенка се крие политичка партија која се обидува да ги изманипулира пензионерите, да предизвика дестабилизација на односите во здруженијата и Сојузот, со единствена цел да ги стави под своја „КАПА„ здруженијата на пензионери, а со тоа и пензионерите во државата и како најбројна маса да ги искористи како машинерија во дневно- политички цели и задоволување на нивните лични интереси и апетити.
Претседател на ЗП Куманово
Ристо Бошков