Извршниот одбор на ЗП Битола го разгледа поднесокот од претседателката на СЗПМ
2.5.2023Извршниот одбор на ЗП Битола на седницата одржана на 6.4.2023 година го разгледа поднесокот од претседателката на СЗПМ на РС Македонија, во врска со барањата кои произлегоа од протестот на група пензионери пред просториите на СЗПМ на 28.3.2023 година, и по сеопфатна расправа ги донесе следните:
Заклучоци
1.Извршниот одбор со индигнација ги отфрла барањата на протестната група за поништување на изборите во здруженијата на пензионери во општините на РСМ, како и изборите во СЗПМ од причини што истите се одржаа во согласност со Законот за здруженија и фондации, како и во согласност со одредбите на статутите на самите здруженија, односно Статутот на СЗПМ.
Барањето за поништување на изборите во здруженијата од страна на СЗПМ е апсурдно од причини што здруженијата на пензионерите се самостојни субјекти со органи и тела и постапуваат исклучително согласно со Законот и сопствените статути, ДОДЕКА СЗПМ ВО ТАА СМИСЛА НЕМА НИКАКВИ ИНГЕРЕНЦИИ КОН ЗДРУЖЕНИЈАТА, ОСВЕН ДА ДАВА ПРЕПОРАКИ, НАСОКИ И ИЗВЕСТУВАЊА.
2.Намерата на протесната група за издвојување на изјаснувањето на пензионерите при одење во пензија посебно за солидарниот фонд и посебно за членарината исто така е апсурдно од причини што неплаќањето на членарината би предизвикало престанок на здруженијата на пензионерите во општините како и на СЗПМ, со што би настанал хаос во пензионерското организирање и оставање на пензионерите на ,,цедило,, како во однос на многубројните активности програмирани од страна на Сојузот за активно стареење во третата доба, изостанување на грижата за усогласување и зголемувањето на пензиите, навремена исплата на истите, грижата за здравјето, градски и приградски превоз, посредување при снабдување со огревно дрво, хуманитарни активности и многу други активности планирани со програмата за работа на здруженијата.
3.Што се однесува до некои системски промени спомнати во протестните барања, потенцираме дека здруженијата на пензионери и Сојузот, функционираат и опстануваат непречено 77 години.
Нагласуваме дека протестите ги организираат неколку пензионери, од 2-3 здруженија на кои не им се задоволени апетитите да бидат избрани во телата и органите на нивните здруженија и во Сојузот, бараат и потенцираат проблеми во пензионерското организирање, кои во стварност ги нема.
Не е можно да има неправилности при изборите во органите и телата во сите здруженија, членки во Сојузот, а на конститутивната седница на Собранието на Сојузот и претседателот на Сојузот и претседателот на Собранието да бидат избрани со акламација.
Даница Петличкова
Претседател на ЗП Битола