|
Проектот „Рурален пензионер“ успешно заврши
22.6.2023Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија аплицираше н а конкурсот од Европската унија преку Црвениот крст во рамките на проектот "Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попречност за време на КОВИД 19 и идни катастрофи“, со својот проект "Рурален пензионер“ и доби средства во висина од 5.700 евра.
Врз основа на оваа апликација Сојузот како примач на грант склучи договор со Црвениот крст на РС Македонија, односно дел од средствата од Европската унија во висина од 348.122 денари или 5.628 евра.
Првиот износ во вид на пакети со прехранбени и хигиенски производи беше поделен на 13 здруженија од активисти определени од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, односно од здруженијата.
По извештајот кој го достави Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија дека средствата се поделени успешно и според правилата одредени за таа намена, Сојузот ја доби и другата половина од средствата. Од втората половина на средствата поделени се пакети на 25 здруженија, или вкупно од сите добиени средства на 38 здруженија.
Пакетите беа поделени на пензионери со ниски примања од рурални средини, односно на пензионери на кои им е потребна помош за подобрување на нивниот секојдневен живот.
Ова позитивно и успешно искуство за користење на средства од ЕУ фондовите кое е надвор од пензискиот систем за корисниците на пензија ќе биде од голема корист во аплицирање во идни проекти во интерес на пензионерите.
Станка Трајкова
Претседател на ИО на СЗПМ
|
|