Инфо  

Галерии

Заклучоци од состанокот на кој присуствуваа министерката за труд и социјална политика, пом. директорот на ФПИОСМ и членовите на ОРО и ИО

23.6.2023

ИЗВАДОК

Од состанокот одржан  во Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија  на 9.6.2023 година  по прашањето за Солидарен фонд – посмртна помош и членарина
Управниот одбор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, на 80-тата седница одржана на 24 јануари 2023 година, го донесе следниот заклучок:
„Прашањето околу солидарниот фонд и членарина, да го разрешат Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Одборот на Регистрираната организација за Солидарен фонд-посмртна помош и членарина на сојузите на здруженија на пензионерите на Македонија“.
За реализација на овој заклучок се одржа состанок во Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија  на кој учествуваа: членови на Одборот на Регистрираната организација за Солидарен фонд-посмртна помош и членарина, Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Помошник директор за економско-финансиски прашања на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Мухамедали Исмани.
По исцрпната дискусија по прашањето за Солидарниот фонд-посмртна помош и членарина се донесоа следните:

ЗАКЛУЧОЦИ

  1. Солидарниот фонд–посмртна помош и членарина кој функционира повеќе години наназад без проблеми и на општо задоволство на корисниците на пензија, да продолжи да се остварува како и досега со примена на членовите 115, 116, 117 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување; Задршката за посмртна помош и членарина, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја вршеше и пред Солидарниот фонд да биде регулиран со Законот за ПИО, како длабоко хумана активност и помош на пензионерите;
  2. При поднесување на барање за остварување право на пензија,  корисникот на пензија доброволнo се изјаснува дали е согласен или не е согласен да му се одбива дел од пензијата за Солидарен фонд–посмртна помош и членарина, со потпишување на една изјава;
  3. Средствата од Солидарен фонд-посмртна помош и членарина, се лични средства на пензионерите и со согласност на пен­зионерот се издвојуваат од пензијата и со овие средства управуваат самите пензионери преку Одборот на Регистрираната организација за Солидарен фонд и членарина, составена од 4-те сојузи (Сојуз на здруженија на пензионерите на Македонија, Национален сојуз на инвалидите на трудот, Сојуз на здруженија на инвалидски пензионери и Сојуз на здруженија на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија) во кој пензионерите имаат свои преставници;

Со истовремена уплата на средствата за посмртна помош и членарина се обезбедува управување на пензионерите со средствата за посмртната помош, а со тие средства не може да управува ниеден државен орган, затоа што тоа се лични средства на корисниците на пензија. Исто така, со средствата од членарина се обезбедува непречено функционирање на дејноста на здруженијата на пензионери без оптоварување на Буџетот на државата.

Скопје, 9.06.2023 година

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3