Соопштение до медиумите од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија во врска со протестите на пензионери
7.8.2023
ДО
МИА
ПРЕДМЕТ: Соопштение до медиумите од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија во врска со протестите на пензионери
Во врска со протестите на пензионерите со ниски пензии, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија,на седницата одржана на 7.8.2023 година го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Сојузот на Здруженија на пензионерите на Македонија во континуитет ги следи и ниските пензии и сите прашања во врска со правата на пензионерите, како граѓанска организација, ги решава по институционален пат со давање на иницијативи, предлози и мислења до надлежните органи во државата.
Во услови на редовна исплата на пензиите и усогласување на пензиите со 8,4 % од први март 2023 година и очекувано услогласување од околу 6% од први септември, вкупното усогласување во 2023 година ќе изнесува околу 15%, групи на незадоволни пензионери бараат поголемо усогласување на ниските пензии односно линеарно услогласување на сите пензии.
Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија го поддржува барањето
за покачување на висината на минималната пензија и затоа подготви Предлози за зголемување на износот на најнискиот износ на пензија и истите ќе бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика. СЗПМ смета дека Предлозите се одржливи и остварливи и нема да предизвикат финансиска нестабилност на Фондот на ПИОМ.
Во врска со линеарно усогласување се истакнува дека Линеарно усогласување нема ниту во земјите од нашето опкружување ниту во пензиските системи на европските земји.
СТАНКА ТРАЈКОВА, претседател на Извршниот Одбор на СЗПМ