|
Заклучоци од состанокот со одреден број на претседатели на Здруженија на пензионери во врска со актуелните случувања во пензионерското организирање
14.8.2023На 14.08.2023 година се одржа состанок со одреден број на претседатели на Здруженија на пензионери во врска со актуелните случувања во пензионерското организирање. При тоа беа донесени следните:
ЗАКЛУЧОЦИ
- Да се преземат мерки од страна на Здруженијата на пензионери, протестите да не излезат од контрола, со афирмација и укажување во Вашите средини на мерките донесени од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија;
- Секој протест треба да биде пријавен во МВР од страна на тие што протестираат, со цел да се обезбеди сигурност на присутните, во колку не е пријавен, претседателот на ЗП да пријави во МВР
- Доколку има можност да се разговара со помала група на пензионери кои протестираат и со нив позитивно да се постапува и објасни дека усогласувањето на пензиите не е само 6% во оваа година, туку усогласувањето изнесува 8,4% од 1 март 2023 година и околу 6% со важност од 1 септември 2023 година, или вкупно тоа би изнесувало околу 15% што е во согласност со порастот на платите и трошоците на животот;
- Да се соработува меѓу здруженијата на пензионерите заради меѓусебно да се информираат со цел да се има сознание како се одвиваат работите, поодделно во секое здружение и да се разменуваат позитивни искуства;
- Претседателите може да побараат настап на медиумите за да се објасни каде се трошат парите од членарината која изнесува само 27, 5 денари за ЗП и 2,5 денари за СЗПМ, а 140 денари се за посмртна помош кои се издвојуваат на посебна сметка. Не е точно мислењето на пензионерите што протестираат дека тие се трошат само за екскурзии и шетање на пензионерите, бидејќи пензионерите за екскурзиите си ги плаќаат трошоците за автобус и друго.
- Сојузот има подготвено Предлози за подигање на висината на најниските пензии и во најскоро време ќе се разговара за истите со Министерство за труд и социјална политика за донесување на решение по институционален пат, во интерес на пензионерите
- На 15.08.2023 година, Сојузот и Министерството за труд и социјална политика ќе одржат работен состанок на кој ќе се започне со разгледување на предлозите и мислењата за прашањата на најнискиот износ на пензија,
- Пензионерите се револтирани од зголемувањето на платите на функционерите за 78%. Според нив тоа го покренало незадоволството кај пензионерите.
- Сојузот предлага унапредување на формулата за усогласување на пензиите и тоа да се врши од 1 јануари и од 1 јули во тековната година.
- Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување да се создаде законски основ за дегресивно усогласување на пензиите во периоди кога значително ќе се зголемат трошоците на животот.
- На крајот на годината да се создаде законски основ за еднократно давање на корисниците на пензија со ниски пензиски примања.
- За време на одржувањето на состанокот од пензионерите што протестираа пред СЗПМ не беа доставени барање, и не беше побарано ниту прием кај претседателката на Сојузот.
Наводите дадени пред Министерство за труд и социјална политика дека претседателката не ги примила ниту барањата ниту нив, не се точни односно вистинити.
Скопје, 14.8.2023 година
СТАНКА ТРАЈКОВА, претседател на Извршниот Одбор на СЗПМ
|
|