Инфо  

Галерии

Допис до Претседателот на Здружение на пензионери

16.9.2023

Почитуван претседател,
Заради унапредување на работата на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и Здруженијата на пензионери, а како барања поставени  од корисниците на пензија, Ве молам за посебно ангажирање во реализација на следните прашања:
ПРВО  Многу значајна активност за Сојузот и Здруженијата е благовремена дистрибуција на весникот “Пензионер плус” како би бил подостапен до пензиoнерот-член на Вашето здружение. Иако, во весникот се најавува кога ќе излезе следниот број, сепак корисно би било од здружението преку соопштение или на друг начин да се  известат  пензионерите дека е излезен весникот “Пензионер плус “и дека  може да им  биде достапен преку пензионерските клубови. Исто така, упатно е да се информираат пензионерите-членови на Вашето здружение дека весникот може да го прочитаат  и на Веб страната на СЗПМ. Овие информации може пензионерите да ги добијат и на непосредни  средби во ограноците кои ги организира претседателот на здружението.
ВТОРО Значајна улога во пензионерскиот активизам се пензионерските клубови. Би требало да се посвети внимание  на работењето на клубовите (да се користат за намената за која се формирани) односно да има соопштение   во кој временски период работат клубовите. Некои пензионери наведуваат дека  секогаш кога и да поминам клубот е затворен. Дали тој треба да работи само кога има некое предавање или настан?! Секако дека не! Затоа, сметам дека  е значајно  работењето на клубовите и  потребно е да се пронајде решение во одделни здруженија како да се привлечат пензионерите во клубовите, а не  тие да бидат затворени и само да се имаат на број. Клубовите се  места каде реално се остварува и пулсира пензионерскиот живот односно се одвиваат пензионерските активности. Затоа треба да бидат отворени и нивното работно време да биде објавено.
ТРЕТО Од информациите што ги има Сојузот  е и  тоа дека Здруженијата  имаат добиено соодветна правна рамка за користење на средства за  солидарни односно социјални намени, во кои таксативно се наведени во членот 6 од Одлуката за единствени  критериуми за материјално-финансиското работење во здруженијата на пензионери  и Сојузот, но многу битно ова да го знае секој член-пензионер. За остварување на овие права е битна е  транспарентноста во работата.   Верувам дека во најголем број на  здруженија се дава соопштение за рокот во кој се врши аплицирањето и кои услови треба да ги  исполнат барателите, но тоа да биде навремено.
ЧЕТВРТО Често пати  до Сојузот се упатуваат забелешки дека во некои  Здруженија на пензионери на екскурзии одат постојано исти  пензионери од здружението  без да се објави соопштение и дека информациите се даваат преку телефонски повик. Овие наводи не  се однесуваат за  сите здруженија бидејќи информациите кога и каде се организираат екскурзиите се објавуваат и на социјалните мрежи. Но, познато е дека има пензионери  за кои е потребно да се даде соопштение кое ќе биде достапно за сите заинтересирани. Тука значајна улога може да имаат и ограноците. Како нивен успех ќе се смета да привлечат и нови пензионери кои ќе им се приклучат  и ќе ја почувствуваат убавината и можноста да се рекреираат, дружат и денот да го поминат посодржајно.
ПЕТО Работно време во здружението е многу значајно бидејќи на пензионерите  треба да им се обезбеди непосреден пристап до информациите. Потребно е јавно  известување за  работното време и надминување на реакциите на  пензионерите  дека безуспешно  се јавувале во Здружението за да ги добијат потребните информации. Во актуелниот момент, значајно е работното време бидејќи за разлика од претходниот период се зголемува бројот на членовите во Здруженијата на пензионери. Ве молам, посветете потребно внимание на работното време во Вашето здружение.
ШЕСТО Во Сојузот доаѓаат наводи дека релативно  е мал бројот  на пензионери  кои се вклучени во пензионерските активности. Верувам дека и Вие преземате активности за да  се привлечат  нови активисти со цел да се  смени пензионерската старосна структура, а со тоа и да се подигне и квалитетот на активностите што се практикуваат во здружението.
СЕДМО Како што е познато скоро во сите Статути на Здруженија има одредби со кои се задолжуваат ограноците да водат евиденција за пензионери над 80 годишна возраст, а живеат сами, со цел да бидат посетени од своите колеги и да им биде посветено соодветно внимание.
ОСМО На крајот сакам  да потсетам на членот 22 од Законот за Локалната самоуправа дека во овој период во  општината  се работи на буџетот за 2024 година. Затоа, е добро да се аплицира за одобрување на средства за реализација на проекти значајни за пензионерите во Вашето Здружение.

Сојуз на здруженија на пензионерите на Македонија 
                                                                                      Претседател   Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3