Инфо  

Галерии

Прегледите на пензионери со кардио-васкуларен ризик на клиниката „Жан Митрев“, продолжуваат во Скопје

10.10.2023

Според Меморандумот склучен помеѓу Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и клиниката „Жан Митрев“ – Скопје, тимот на клиниката ќе врши прегледи на пензионери  со кардио-васкуларен ризик кои досега не биле прегледувани и лекувани во клиниката, од следните скопските пензионерски здруженија:

  • На 21.10.2023 година на пензионери од ЗП Кисела Вода;
  • На 22.10.2023 година на пензионери од ЗП Чаир;
  • На 28.10.2023 година на пензионери од Гази Баба;
  • На 29.10.2023 година на пензионњри од Ѓорче Петров.

Прегледите ќе се вршат од 08-16 часот во клиниката „Жан Митрев“ – Скопје

Превозот го обезбедува здружението кое треба да достави список на 15 пензионери со следните податоци:

Име и презиме и цел датум на раѓање. (на пример: Ана Петрова 13.07.1946 год. заради проверка дека не се пациенти на клиниката)

Списоците треба да се достават до 18.10.2023 година на адреса: kontakt@szpm.org.mk 

Прегледи на пензионери од другите скопски здруженија ќе се вршат во наредните викенди, за што ќе има известување.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3