Бесплатни прегледи за 150 пензионери во ЗП Битола
21.12.2023
Успешно реализиран проектот за бесплатно мерење на притисок во очите и шеќер во крвта, како и давање соодветни консултации на пензионерите од ЗП Битола, согласно склучениот меморандум за соработка на Сојузот на здруженијата на пеннзионери на Македонија и Специјализираната болница ,,Промедика офталмологија“, Скопје.
Заинтересираноста беше голема од страна на пензионерите. Оваа бесплатна услуга ја искористија околу 150 пензионери.
Пензионерите беа известени дека со овај меморандум кој важи до 31.01.2024 год. има и други поволности за пензионерите како на пример супспецијалистички прегледи, испитување на очното дно, операција на катаракта и други прегледи на очите во болницата. Цената за пензионерите ќе биде намалена за 50% од редовната.