ДО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР
Мислење од СЗПМ до Централен регистар на РСМ
23.12.2023Ве известуваме дека Правно -Економскиот форум при Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (во натомошниот текст: СЗПМ) на седницата одржана на 21 11. 2023 година го разгледа прашањето за постапката на упис на Здруженија на граѓаните во Централниот регистер со тежиште на овластувањата и постапувањето на Централниот регистер во постапката за упис во соодветниот регистер.
Во пристапот кон разгледување на ова тема Форумот тргна од уставно правната рамка за основање и дејствување на здруженијата на граѓани уредена во Уставот на РСМ -член 20, Законот за здруженија и фондации и Законот за едношалтарски систем, како и Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Врз основа на анализата на член 39 од Законот за едношалтерски систем во кој е уредено постапувањето и овластувањето на Централниот регистер при разгледување на пријавите за упис во соодветниот регистер, а во корелација со уставно правната рамка за остварување на правото за слободно здружување на граѓаните заедно со правилата за нивното основање и дејствување Форумот го утврди следното, и тоa:
Прво. Според мислењето на Форумот може да се констатира дека одредбите во членот 39 од Законот за едношалтерски систем, сами за себе и во врска со споменатите одредби од Уставот како и одредбитеод ЗЗФ, се нејасни, противречни и нецелосни на уставно праната рамка за основањето и дејствувањето на здруженија на граѓани.Имено, според ставот 1 точка 2 од член 39 по приемот на пријавата за упис, регистраторот проверува дали се исполнети условите за упис определени со закон, потоа точка 4 според која се проверува дали пријавата ги содржи сите податоци во согласност со закон, како и точка 5 според која се проверува дали се приложени сите прилози утврдени со закон и други податоци.
Второ. Меѓутоа, составот 2 на членот 39 со точките 1,2 и 3 , изрично се наведува дека Централниот регистер не ја испитува законитоста и вистинитоста на содржината на прилозите (исправите и доказите), не ја испитува законитоста на постапката во која тие се донесени ниту ги испитува дали податоците што се запишуваат во регистрите се вистинити и во согласност со закон.
Со ставот 3 на овој член за вистиноста и законитоста на прилозите и податоцитеод ставот 2 на овој член одговара лицето односно лицата определени со закон.
Од изложеното произлегува дека одредбите наметнуваат формалистички пристап при разгледувањето на пријавата и донесување решение за упис без претходно да се проверуваат и испитуваат дали актите и податоците се во согласност со законот и се поставува начелно прашање што е смислата на доставување на актот за основање Статутот и Програмата за работа на здружението, ако претходно суштински не се проверува нивната содржина и вистинитост, согласно одредбите од законот за ЗЗФ(член 41-47)
Тоа значи дека изрично во законот се предвидени две фази на остварување на правото на здружување:фаза на основање и фаза на дејствување, при што и двете фази се под надзор од аспект на Уставот и ЗЗФ.Значајна е и околноста дека Централниот регистер издава решенние без да даде образложение.
Меѓутоа, не е обезбедена проверка на уставноста и законитоста пред уписот во регистерот, соодветна управно-судска заштита на споменатите уставни вредности, односно пред да стекнат правен субјективитет за дејствување како здруженија на граѓани.
Трето. Посебно е прашањето што Законот за едношалтерски систем не дава основа на Централниот регистер да ги има предвид и одредбите од Законот за ПИО кои се специфини во однос на одредбите и правилата во ЗЗФ во врска со здружувањето во Здруженија на пензионери, поврзано со актуелните појави да се регистрираат голем број на нови здруженија на пензионери со што се обезвреднува пензионерското организирање.
Затоа по мислење на Форумот Централниот регистар би требало да има предвид дека со регистрирање на голем број на здруженија се раситнува пензионерското организирање како бидејќи малите здруженија немаат доволно срества за да обезбедат активен пензионерски живот,да има инклузивни дејности во практикување на социјално-хуманитарната дејност и помош како на пензионерот и општеството во целина.
Врз основа на погоре утврдени констатации Форумот ги утврди следните:
ЗАКЛУЧОЦИ
1.Наведените констатации упатуват на потребата од доследно остварување на уставноправната рамка односно концепт за основање и дејствување на граѓанските организации(во случајот здруженија на пензионери и сојузи) за остварување на нивните цели интереси и дејности но истовремено да се заштитуват и споменатите уставни и општествени вредности.
2.Правно-Економскиот форум e на мислење дека при регистирање на здуженија на пензионери и сојузи на пензионеритe би требало да се има внимателен приод бидејќи се работи за граѓански субјекти кои треба на пензионерите да овозможат активен пензионерски живот.Ова од причини што на повидок е регистрирање на мали здруженија на пензионери и сојузи што оправдано загрижува затоа што малите ЗП имаат минимален приход кој пред се служи само за покривање на трошоците за надоместоци на избраните лица,бидејќи немаат доволно средства за пензионерскиот активизам,во третото доба.
3.Од тие причини се предлага Централниот регистар да пристапи кон бришење на здруженијата на пензионери кои се пасивни правни субјекти.
4. Форумот предлага овие констатации да се имат предвид при претстојното донесување на новиот Закон за здруженија и фондации и новиот Закон за едношалтерски систем, а во функција на остварување на уставно начело на владеење на правото како едно од основните темелни вредности на уставниот поредок од кое може да се каже дека во основа зависи како и дали се остваруваат другите темелни вредности на поредокот.
Претседател на СЗПМ
Станка Трајкова