Инфо  

Галерии

Работна средба во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

Потпишан Меморандум за соработка и учество на Сојузот во проектот City&Co

15.5.2024

На 14.05.2024 година во просториите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, се одржа работна средба во рамки на соработката помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот за применети науки во Хаг, Холандија. Двата универзитети заеднички работат на испитување на ставовите на старите лица за тоа дали животот во Скопје е приспособен на потребите на лицата на возраст над 65 години. Со цел добивање на подетални информации за состојбите на локално, односно микро ниво, во моментот се реализира активноста за фотопродукција со употреба на геопортал. Оваа активност се реализира во рамки на проектот City&Co. Во активностите за собирање на информации за состојбите во градот Скопје активно се вклучени членови на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија.

На работната средба беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Сојузот и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Потписници на Меморандумот се Вон. Проф Дитурије Исмаили, декан на Факултетот за социјални науки и Станка Трајкова, претседателка на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија.

Меморандумот го содржи следното:

  • Соработка во организирање на конференции, семинари, работилници и тркалезни маси од национален и меѓународен карактер;
  • Организирање заеднички настани и активности;
  • Заедничко изготвување и аплицирање на проекти од заеднички интерес;
  • Заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации заради заемни потреби;
  • Обезбедување на заемна поддршка за прашања од заеднички интерес;
  • Споделување на позитивни практики и искуства;
  • Проширување на мрежата на соработка со други институции и организации;
  • Меѓусебно консултирање и информирање за прашања од интерес на старите лица;
  • Други области на кои ќе се согласат потписниците.

На работната средба на присутните им се обратија претседателката на Сојузот Станка Трајкова, Вон. Проф. Даниел Павловски, продекан за наука на факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и проф. Joost van Hoof професор на Универзитетот за применети науки во Хаг, Холандија и директор на центарот за урбано стареење, кој ги поздрави присутните преку видео врска и го објасни значењето, целта и користа од проектот City&Co.

Потоа Проф. Даниел Павловски на присутните им го објасни начинот на користење на електронските алатки за собирање на податоци и сите чекори кои учесниците треба да ги направат при испраќање на материјали.

По презентацијата имаше прашања од присутните на кои Проф. Павловски исцрпно одговараше. На средбата беше договорено да се формира група на „Viber“ за поедноставна и подобра комуникација.

На крајот од средбата присутните членови на сојузот истакнаа дека очекуваат со овој проект да се соберат корисни инфорамции кои ќе можат да бидат искористени за подобрување на состојбите во градот Скопје. Според нив благодарение на Проф. Даниел Павловски и неговата умешност, непосредност и елоквентност презентацијата беше одлична.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3