Инфо  

Галерии

На 29. Републичките пензионерски спортски натпревари 2025 во организација на Сојузот, се славеше Независноста на државата и Денот на пензионерите на Македонија со спорт и дружење

12.9.2025

На 9. септември 2025 година во присуство на 600 гости и пензионери се прославија 34 години од независноста на државата и 79 години опстојување на пензионерското организирање, Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Славењето беше уште поголемо бидејќи во чест на 20. септември, Денот на пензионеите на Македонија се одржаа 29. Републичките пензионерски спортски натпревари, Спортска Олимпијада 2025, во организација на Сојузот на кои учествуваа 40 здруженија од 53-те членки на Сојузот. На овој најмасовен настан зедоа учествп 328 пензионери спортисти кои на седумте регионални спортски натпревари се здобија со право на учество.

Посебен печат на ова повеќекратно славење му дадоа високите гости од Република Словенија Н Е Амбасадорот на Словенија Грегор Прескер и претседателката и потпретседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Словенија, претставникот од Министерството за спорт од РМ Илија Ристески, кои на овој свечен и масовен спортски настан му дадоа и меѓународен карактер.

Во убава и свечена атмосфера по интонирањето на Химната Претседателката на Сојузот на здруженија на пнзионери на Македонија Станка Трајкова ги поздрави присутни натпреварувачи и им посака добредојде на гостите, на членовите на Извршниот одбор на Сојузот, претседателите на здруженијата на пензионери членки на СЗПМ и други гости  и при тоа рече:

- Почитувани спортисти – пензионери добредојдовте на 29-те Републички пензионерски  спортски натпревари во 2025 година,  која  година Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија СЗПМ ја прогласи за година на ЕКОЛОШКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ  АКТИВНОСТИ и затоа оваа година ПОКАНАТА  за присуство на спортските  игри,  БАНЕРОТ на кој  се претставени  ПЕНЗИОНЕРИ - СПОРТИСТИ ОД СИТЕ Здруженија членки на Сојузот е во зелена боја, боја на природата. Исто така, почитувани, Републичките спортски натпревари прераснаа во традиција никната од цврсти темели и доградувана со желба за активен живот на пензионерската популација бидејки пензионерите избраа живот и иднина. А, пензионер е оној кој работел, заработувал, создавал и смело зачекорил во третата доба практивкувајќи ги и спортските активности, а Републичките спортски натпревари се одржуваат, секогаш, пред Денот  на пензионерите, 20 септември.

Почитувани, нашите Републички спортски натпревари ги нарекуваме Републичка спортска олимпијада, а да се потсетиме дека олимиските игри започнале уште во 8-от  век пред нашата ера.Tоа е долга историја на постоење што покажува дека спортот имал голема улога и значење за  човештвото.

 Почитувани спортисти и гости на почетокот посебен поздрав упатувам до амбасадорот на Република Словенија во РС Македонија, господинот ГРЕГОР ПРЕСКЕР, кој  со своето присутво му дава многу повисоко ниво на овој настан, за што особено сме му благодарни, потоа гостите од Словенија преседателката на ЗДУС, Зденка Јан и попретседателот Станко Кранвогел кои прв пат се во Македонија, а кои во јуни оваа година беа домаќини на настанот за Меѓугенерациска соработка, на кој се потпиша Декларација од сите сојузи  на  земјите учеснички меѓу кои и СЗПМ.  Главното   мото на настанот беше „НИШТО ЗА НАС, БЕЗ НАС“.

Посебен поздрав му упатувам на претставникот на нашето Министертвото за спорт господинот Илија Ристески, кој ќе се изненади, увери и воодушеви како ние возрасните спортуваме.

Исто така, дозволете ми, да го поздравам и новиот претседател на Собранието на СЗПМ Добре Иванов, кој е прв пат со нас на овие  29. Републички спортски пензионерски натпревари.

Поздрав упатувам и до нашиот драг соработник професорот на Универзитетот „Мајка Тереза”  Даниел Павловски со  кој завршивме еден, а започнуваме нов  проект, а пред нас се и други заеднички проекти во интерес на корисниците на пензија.

Оваа година на Републичките натпревари со свои натпреварувачи успееја да се квалификуваат 40 Здруженија со  вкупно 328 натпреварувачи, од кои 166 во машка и 132 во женска конкуренија.

За отворени ги прогласувам 29-те Републички пензионерски  спортски натпревари 2025 година.

Потоа на присутните им се обрати Илија Ристески од Минисреството за спорт кој им посака на спортистите успех и со желба идната година натпреварите да бидат уште помасовни.

Со топли пријателски зборови на присутните, поздрави од Словенечките пензионери им пренесе Претседателката на ЗДУС Зденка Јан која при тоа рече дека соработката е одлична и ќе биде уште подобра.

На присутните на македонски јазик им се обрати и ги поздрави Амбасадорот на Словенија во Македонија Н Е. ГРЕГОР ПРЕСКЕР кој им посака успех на спортистите и предложи да се организира ваков настан на кој ќе се натпреваруваат македонски и словеначки пензионери и рече дека таквиот настан ќе го подржи и амбасадата

Потоа започнаа натпреварите во 11 дисциплини. Секој се трудеше да биде што подобар и поуспешен.

По завршување на натпреварите им беа доделени медали на спортистите кои освоија прво, второ и трето место.

На 29 Републички спортски натпревари надобри севкупни резултати постигна здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, кое и го освои севкупниот пехар.

Потоа на спортистите им беа поделени маици од НЛБ банка со која Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има долгогодишна успешна соработка.

Настанот заврши со песна и дружење, бидејќи сите се чувствуваа како победници.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3