Инфо  

Галерии

Конститутивна седница на ИО на СЗПМ

Соработка ќе се потпира на мотивација, креативност и критички осврт кон работата

14.5.2019

На 12 април 2019 година се одржа конститутивната седница на Извршниот одбор на СЗПМ во новиот состав. На седницата на која беа присутни сите членови присуствуваше и претседателот на Собранието на СЗПМ м-р Илија Адамоски. Со седницата раководеше претседателот на СЗПМ Станка Трајкова.
На почетокот на седницата претседателот на СЗПМ Станка Трајкова ги поздрави присутните и во кратки црти ги потенцираше главните задачи и цели на членовите на Извршниот Одбор на СЗПМ и рече дека да се биде член на Извршниот одбор е и чест и обврска. Извршниот одбор е оперативен и извршен орган кој ги подготвува седниците на Собранието ја утврдува програмата, Статутот и другите финансиски документи. Исто така ИО е должен да ги почитува одлуките и заклучоците донесени од Собранието на СЗПМ. Таа повика на добра соработка која ќе се потпирана на мотивација, креативност и критички осврт кон работата и особено значајно ќе биде почитување на своето и другото мислење. 
На присутните им се обрати претседателот на Собранието на СЗПМ м-р Илија Адамоски кој уште еднаш се заблагодари за дадената доверба и вети дека заедно со претседателот на СЗПМ Станка Трајкова максимално ќе се залагаат сите проблеми од интерес на неговото величество пензионерот, ограноците  и здруженијата на пензионерите да бидат решени во граница на можностите.
Претседателот на СЗПМ Станка Трајкова предложи за потпретседател на ИО на СЗПМ да биде избран Ментор Ќоку стручњак во правото со богато искуство како правник, обвинител и адвокат, кој по пензионирањето активно е вклучен во пензионерското организирање како претседател на ЗП Чаир. По образложението за негова кандидатура Ментор Ќоку  едногласно беше избран за потпретседател на ИО на СЗПМ. Тој
се заблагодари на дадената доверба потенцирајќи дека таа му претставува и чест и голема обврска и вети дека функцијата ќе ја извршува вложувајќи го своето искуство и знаење.
Претседателот на СЗПМ Станка Трајкова најнапред ја објасни функцијата секретар на ИО на СЗПМ, а потоа за секретар во мандатниот период 2019-2023 ја предложи Менка Темелковска дипломиран економист со искуство во струката од  аналитичко правен и економски аспект. Предлогот едногласно беше усвоен, на што Темелковска се заблагодари.
Потоа Претседателот на СЗПМ Станка Трајкова ги прочита составите на телата и комисиите на ИО на СЗПМ и рече дека при составот на истите е водено сметка да бидат застапени што поголем број на здруженија, афинитетите и образованието на предложените членови, како и родовата и национална припадност. Беа предложени и едногласно усвоени следните комисии и тела:

  • Комисија за меѓународна соработка
  • Комисија за меѓугенерациска соработка и соживот
  • Правно – економски форум
  • Членови на Одборот на регистрираната организација за Солидарен фонд и членарина, предложени од СЗПМ
  • Комисија за културно-забавен живот
  • Комисија за здравство и социјална политика
  • Комисија за спорт и рекреација
  • Комисија за информирање и издавачка дејност
  • Редакциски одбор на „Пензионер плус“
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3