|
Програма за 2023 на ЗП Прилеп
Програма на ЗП Прилеп за 2023 година е составена од Програмите на комисиите кои постојат во здружението.
Комисија е здравствената и социјалната заштита
- Да се ангажираме да се преиспита позитивната листа на лекови и целосно укинување на партиципацијата во сите здравствени установи за сите пензионери, како и изедначување на приватното со јавното здравство.
- Доделување еднократна неповратна парична помош на секои 4 месеци, односно во месеците февруари, јуни и октомври во висината најмногу до 10.000,00 денари.
- Климатско и бањско лекување - За таа цел предлага во финансовиот план да се предвидат 700.000 денари.
- Комисијaта за културно забавен живот / во понатамошниот текст КЗЖ/, при Здружението на пензионери на општините Пилеп, Кривогаштани и Долнени, целокупниот културно забавен живот го програмира, организира и реализира врз основа на на учество на што повеќе манифестации организирани по повод на најразлични значајни настани ,празници и јубилеи на локално, регионално и државно ниво.
Комисијата за културно забавен живот во текот на 2023 година ќе настојува успешно да се реализираат програмските задачи и активности.
- КУД "Пензионер" и "Пенка Котеска", ќе пеат, ќе свират, ќе играат и ќе се дружат, се со цел нив и на сите други пензионери, кои ќе ги гледаат и слушаат,
овие години да им бидат поисполнети, повесели, поведри, порадосни
и полесно да им минуваат деновите од третата животна доба.
- КЗЖ ќе настојува двете КУД "Пензионер" и "Пенка Котеска" на сите настапи успешно да не презентираат како ЗП-Прилеп и како град Прилеп .
- Успешното остварување на целите и задачите во 2023 година многу ќе зависи од ангажираноста на КЗЖ, уметничките раководители на двете КУД и од сите членови на друштвата.
- Со цел успешно да се реализираат програмските цели и задачи, поврзани со културно забавниот живот на пензионерите, КЗЖ ќе соработува со органите и телата на ЗП Прилеп, со Секцијата на жени при ЗП Прилеп, со Комисијата за културно забавен живот на СЗПМ на РМ и со другите ЗП од РМ.
Комисијата за одмор и рекреација
За календарската 2023 година оваа предлог програма Комисијата ја
доставува до ИО на ЗП Прилеп и до месните разграноци на јавна расправа.
Истите имаат право да предлагаат забелешки и измени, и доколку истите
се оправдани, ќе бидат разгледани и внесени во програмата од страна на
Собранието и Извршниот одбор на ЗП Прилеп, после тоа таа ќе стане конечна и ќе може да се применува во 2023 година.
По усвојувањето на вака предложената програма, Комисијата почнува да
врши подготовка за нејзина успешна реализација во пракса.
Основан цел на оваа програма е пензионерите да ги задоволат потребите за одмор и рекреација запознавајќи ги убавините и културно-историските
знаменитости на нашата држава. Единствена цел на ЗП Прилеп е пензионерите да се дружат, шират познанство, пријателства со цел да го направат нивниот живот поинтересен и забавен за полесно да ги доживуваат пензионерските денови.
Комисијата за спорт во 2023 година
Комисијата за спорт исто така го имаше предвид и Правилникот со позициите за организирање и спроведување на пензионерските спортски натпревари и игри, усвоен од страна на Извршниот одбор на СЗПМ. Со одредбите на овој правилник, подетално се определуваат пропозициите за начинот на организација и спроведување на пензионерските спортски игри, спортските дисциплини и условите под кои се одржуваат спортските натпревари на општинско, регионално и републичко ниво.
Редовната физичка активност , покрај другото е еден од факторите кој допринесува во голема мерка, за зачувување на здравјето и успорувањето
на стареењето. Заради тоа треба што повеќе да се спортува, вежба, рекреира. Така полесно , побезболно се победуваат годините, а движењето е половина здравје.
Со самото стареење секако дека се чувствува се поголема немоќ- неспособност за извршување на секојдневните обврски, а со спортувањето таа немоќ се намалува, па обврските полесно се извршуваат.
Затоа ние како комисија за спорт при ЗП Прилеп и оваа година, како и претходната, ќе се залагаме што повеќе и помлади пензионери да се вклучат во спортските активности.
Активот на жени и за оваа 2023 година, предлага програма за работа , која програма ќе овозможи продолжување на успешното функционирање на Активот на жени , а со тоа и за севкупната успешна активност на Здружение- то на пензионери Прилеп. Програмата е во рамките на активностите карактеристични за самото Здружение на пензионери.
Работењето во изминатите години не охрабрува и оваа 2023 година
да предложиме сличен број на активности , а со цел посакуваниот успех на Активот на жени да биде што подобро реализиран. Одборот на Активот на жени предлага добрата соработка со помошните тела/ комисии/, како и со
ИО и стручната служба да продолжи.
И за оваа 2023 година, активностите ги групираме во зависност од нивната природа:
1.Предавања -
а.Предавања по повод одредени празници-датуми,
б.Предавања од разни области
2.Дружење со Активи на жени од други градови.
3.Литературни активности.
4.Екскурзии – излети.
5.Музичко забавни дружења.
6.Хуманитарни активности.
7.Состаноци на одборот на АЖ, редовно планирани 4 пати во годината и состаноци по по повод организирање на одредени програми по повод одредени празници и тоа 14-ти јануари-Стара Нова Година, 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената и 20-ти Септември Денот на пензионерското организирање.
|
|