За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

ПРОГРАМА
ЗА РАБОТА НА ОЗП - БОГДАНЦИ ЗА 2017 год.

Активностите на ОЗП- БОГДАНЦИ во 2017 година ќе се одвиваат во насока на заштита на правата од ПИО, остварување поквалитетна здравствена заштита на пензионерите преку лекови од позитивната листа, координирано унапредување на културните и спортските активности, активно стареење, како и учество на пензионерско дружење преку „Пикник на отворено” и дружење од најразлична природа.

Приоритети во 2017 година

1. Остварување на отворените прашања за поквалитетен живот на пензионерите во соработка со СЗПМ и националната стратегија на РМ, Соработка на Здружението со СЗПМ и локалната самоуправа во континуитет, Активности согласно Статутот на Здружението,
2. Едукација на пензионерите преку предавања за здравствена заштита на стари лица.
3. Организирање и следење на пензионерските спортски активности во општината, регионот и Републиката. Спортските активности ќе се одвиваат согласно правилникот на СЗПМ и Статутот на ОЗП – Богданци.
4. Забавниот живот ќе се одвива преку одмори, рекреации, бањско и климатско лекување, културно – уметнички активности, преку фолклорни, уметнички, пејачки групи и настапи на регионални и републички манифестации, согласно правилникот на Ревијата на песни, музика и игри на СЗПМ.
5. Организирано помагање на материјално загрозените пензионери преку парична и материјална помош.
6. Сместување на пензионерите во домови.
7. Отворање на пензионерски клубови за дневен престој, дружење и разонода на пензионерите.
8. Соработка на локално ниво за помош и заштита на стари, болни и изнемоштени лица.
9. Одбележување на државните и религиозните празници со активности на пензионери во соработка со други здруженија, како и прослава на Денот на пензионерите 20-ти септември.
10. Редовна обнова на дотраени основни средства и ситен инвентар во просториите на ОЗП Богданци (По потреба може да се дополнува во годината).
11. Во програмата се предвидени две екскурзии со партиципација на здружението, во пролет и есен.
12. Редовно информирање на пензионерите преку „Пензионер плус“, подлистокот „Пензионерски видици“ во весникот „Нова Македонија“, Радио, ТВ, Веб страница на СЗПМ итн.
По потреба Програмата може да се дополнува според потребите на ОЗП – Богданци.

 

Претседател на ОЗП Богданци
Димитар Чавдаров

                         
                                                 
           

 

 
  изработено од Medium 3