Инфо  

Галерии

Промените околу нас и светот

10.3.2022

Зачекоривме  во 2022 година и случките не престануваат да се случуваат многу бргу. Од познатата сентенца: „Ниеден пророк не е мил во земјата своја“, доаѓаме до една друга исто многу важна: „Ќе дојдат времиња кога ќе имате и по 100 пророци дома“, која ја парафразирам, не ја знам точно. И навистина, ако ја земеме понудата на интернет, секој еден човек кој има интернет може секој ден, да пронаоѓа секакви па и пророчки содржини во него. Едноставно нема што нема. Доблест е човек да се снајде во мноштвото информации и да го восприема само она што му е на корист.

Не знам дали пензионерите треба да се информираат за иста така многу споменуваната „Четврта индустриска револуција“. Токму таа револуција води кон остварувањето на Агендата 2030. Сепак, бидејќи, многумина од пензионерите се високо образовани и дури и повеќето го знаат одлично и англискиот јазик, треба да знаат за овие  нешта. Најмногу од причина да се потполно свесни во каков свет, светските моќници, преку Обединетите нации, одлучиле, дека треба да живееме ние и нашите потомци. Може да се најде и целата книга на Клаус Шваб во пдф-формат, со насловот Четврта... Препорачувам да се слуша или чита нешто од Хенри Кисинџер, кој сега има дури 98 години. Тој вели дека: „не е важно што е вистина, туку е важно она за што се смета дека е вистина“. Истовремено тој е автор и на книгата: Светски поредок. Имено јас, интересирајќи се за овие светски промени дознав дека, терминот Регион, доаѓа токму од имплементацијата на оваа Агенда. Значи не се веќе во прв план важни границите и карактеристиките на националните држави, туку регионите.

А додека неинформираните се информираат, ќе ви кажам како  јас се одлучив да се борам против оние делови од Агендата кои не ми се допаѓаат. Имено, сето земјоделство требало да се организира во огромни корпорации и да се користат монокултури, за да се има огромен принос, со користење пестициди, хебициди, вештачки удобрувачи на земјата. Сите лека-полека би требало да гравитираат во големите градови и малите стопанства полека да исчезнуваат. Не е тајна дека gmo-производството се смета за еден од најважните елементи во исхранувањето на човештвото. И самиот Кисинџер кажал дека: „оној во чии раце е храната, во негови раце е и власта“. А слушам дека и познатиoт филантроп Бил Гејтс заедно  со Илон Маск купуваат огромни обработливи земјишта во САД. Па еве мој предлог е, ние иако сме мали, да не ги даваме своите мали стопанства. Сите да имаме парче земја, да учиме да одгледуваме храна органски и да не ги даваме и своите занаети и сe што нe прави независни во однос на опстанокот. Да размислиме зошто се зборува цело време за „одржлив развој“, што тоа всушност значи?

За тоа многу зборува Вандана Шива, која е познат светски научник, активист за надворешната средина, поборник за регенеративното земјоделие, екофеминист и антиглобалист, која има своја голема фарма и има напишано 20 книги. Од неа дознав за терминот „навданја“, кој означува девет семиња, како сооднос со деветте планети на сончевиот систем и како повик кон биолошко разнообразие и одбивање на генетскиот инженеринг и монокултурите. Во Америка тоа е системот на садање три сестри (three sisters), кој се користел за садење пченка, грав што ползи на неа и тиква. Овој систем се користи и ден-денес во Македонија. Имено, многу може пензионерот кој не се плаши:  да си ги стави рацете во земја, да дознае за пермакултура и органско земјоделие и да биде дел од тивката револуција на опстанокот. И најмалото нешто постигнато ќе ви донесе огромно задоволство, оти ако зеленчукот и овошјето се раснети со природни удобрувачи, тие имаат многу попривлечен и прекрасен вкус. Покрај нели повисоката цел на спас на планетата.

Вашите внуци нема да ви простат ако не ги научите на тие вековни вредности на почит кон земјата. Конечно можеби некои од вас и самите никогаш немале шанса да се обидат во овие вештини, кои по малку стануваат и еден начин да се опстане во светот кој брзо се менува, но прифатете го предизвикот да се заинтересирате и да потегнете и некои важни потези.  Ако немате парче земја во близина на местото на живеење, тогаш купете и почнете да садите. Или снајдете се некако, а не е лошо и да имате и мал пластеник. Знаеме дека најдолговечни се оние луѓе кои работат во бавча. Вашите внуци треба да го знаат тоа и да го применат и самите кога ќе имаат шанса. Мирисот на земјата се смета и за вид антидепресив.

Маја Белева

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3